Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Меѓународно право

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Правен
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Магистер по правни науки / Oбласт: Меѓународно право
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Целта на последипломската програма Меѓународно право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на меѓународно-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на меѓународното право и да сее обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и концепциите на меѓународното право како и за нивната состојба и перспектива во регионов и во светот.

Дипломата на Правниот факултет е призната од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судство и јавно обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии). Студентите на оваа програма, исто така, стручно се оспособуваат и за сите професии од областа на дипломатијата, дипломатското и конзуларното право, меѓународните организации и правата на човекот, институтите на меѓународното приватно право како и за работа во целата дипломатска и конзуларна служба на државата и во меѓународните трибунали и арбитражи.

Знаење и разбирање
* Има солидни познавања на дисциплините од областа на меѓународното право како правото на меѓународни организации, човековите права, меѓународното јавно право, меѓународното приватно право, меѓународното кривично право, меѓународното економско право и меѓународните односи.
* Има познавање на напредните техники и методи на истражување во областа на меѓународното право.
Примена на знаењето и разбирањето
* Способен е да ги толкува теориите на меѓународното право и релевантните случаи од практиката.
* Применува теоретски знаење во практични ситуации кои се јавуваат во областа на меѓународното право како заштита на човековите права, дипломатијата, и решавање спорови и колизија на закони како и преговорите и медијацијата.
Го синтетизира стекнатото знаење и ги применува во специфични околности.
Способност за проценка
Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.
Комуникациски вештини
* Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на меѓународно-правните науки.
Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
*  Развива правилник за истражна работа кој се употребува во неговата професија.
Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.
 

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Студентите ќе бидат оспособени: * Да ги применат главните правни и други истражувачки методи. * Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори. * Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат. * Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика. * Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
  • [6 ЕКТС] Меѓународно јавно право
    Предметот опфаќа работа на случаи од областа на меѓународното право, а во еден дел вклучува и практична работа (intership) во релевантни институции, што, пак, може да опфати и научноистражувачка работа на студентите по групи.
  • [6 ЕКТС] Меѓународни односи
    Предметот се однесува на анализа на поведението и односите на државите и на другите субјекти во меѓународната политика. Структуриран е на следниов начин: се дава приказ на еволуцијата на мислата за меѓународната политика преку историска ретроспектива на основниот однос помеѓу државите - војната и мирот, понатаму преку авторски трудови се претстававуваат двете главни мисловни струи во меѓународните односи во светот денес. Исто така, во рамките на овој предмет, се изучува и релацијата помеѓу правото и политиката во меѓународното општество
  • [6 ЕКТС] Меѓународни арбитражи
    Предмет е фокусиран на систематското обработување на поимите и институтите поврзани со овој алтернативен начин на решавање на споровите, и тоа: арбитражна спогодба, видови арбитражи, арбитри и конституирање арбитража, постапка пред арбитража, арбитражна одлука, правни лекови во арбитражната постапка и признавање и извршување странски арбитражни одлуки. Во услови кога решавањето на споровите од граѓанско-правните односи од судовите како државни органи сé повеќе трпи критики поради својата бавност, неефикасност и несигурност, арбитражното судење, кое им обезбедува на странките прифатлив амбиент на расправањето, едноставност на процесните форми, брзина и економичност, сé повеќе се промовира како негова алтернатива, признаена од правните поредоци на сите современи држави и афирмирана во светски рамки
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    • Реторика
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Методологија на наставата
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Меѓународно приватно право
    Преку овој модул, студентите ќе стекнат нaпредни сознанија за изворите на правото кои треба да се применат за регулирање на граѓанско – правните односи со странски елемент (национални и меѓународни ) и за начинот на уредување на граѓанско-правните односи со странски елемент (директниот и индиректниот (колизиониот) начин на уредување кој е карактеристичен само за овој модул) како и за општите и заедничките елементи на формирање и примена на МПП, фактите преку кои се појавува странскиот елемент (фактите на идентификување), точките на врзување како и институти преку кои се избегува примената на обично меродавно право во МПП.
  • [6 ЕКТС] Меѓународно хуманитарно право
    Во рамките на овој предмет се изучуваат основните институти на меѓународното право во воените судири, а опфатени се и внатрешните воени судири и таканаречените граѓански војни. Акцентот е ставен на изворите на ова право во т.н. Женевски конвенции на меѓународното хуманитарно право и Дополнителните протоколи, но и сите други институти на военото право, како и начините за окончување на судирите. Во услови на исклучително брзо развивање на оваа дисциплина во насока на опфаќање на бројните внатрешни судири и нивното правно регулирање од хуманитарен аспект, посебен акцент ќе биде ставен и на внатрешните вооружени судири.
  • [6 ЕКТС] Дипломатско и конзуларно право
    Предметот овозможува продлабочено изучување на меѓународно-правната рамка на процесот на воспоставување, функционирање и окончување на дипломатските и на конзуларните односи; на правилата на правото на РМ што се однесуваат и на дипломатско-конзуларните прашања како и на клучните елементи на дипломатскиот протокол и дипломатската практика на Република Македонија.
  • [6 ЕКТС] Меѓународни организации
    Во рамките на овој предмет се проучуваат: основните цели на теориите за меѓународното меѓувладино организирање; институционалната поставеност на системот на ООН; клучните европски организаци и ЕУ, Советот на Европа и ОБСЕ; како и најрелевантните регионални организации што функционираат на територијата на Америка, Африка и Азија и на Далечниот Исток, како и односот на РМ со споменатите организации, односно дејствувањето на РМ во организациите во кои членува.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    • Реторика
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Методологија на наставата
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Решавање меѓународни спорови
    Предметот опфаќа продлабочено изучување на техниките и постапките на мирно решавање на меѓународните спорови, како дипломатските така и судските спорови и спорови од квазисудски карактер. Посебно се изучуваат справувањето (менаџирањето) со конфликтите, како крајно изострена форма на спор и, особено, третирањето на споровите со културен идентитет.
  • [6 ЕКТС] Меѓународно кривично право
    По успешното завршување на предметот од студентите се очекува да имаат стекнато солидни сознанија во однос на: поимите и предметот на оваа дисциплина, нормите во МКП, репресивната власт и јуриздикцијата на државите, екстрадицијата, азилот, трансферот на казнената постапка, казнено-правната помош и соработка, меѓународниот корпус на човекови права и јуриздикцијата на меѓународните казнени инстанци.
  • [6 ЕКТС] Транснационален криминал и меѓународен тероризам
    Предметот се однесува на основните поими за транснационалниот криминал и на меѓународниот тероризам и облиците преку кои тие се манифестираат, нивниот меѓусебен однос, како и начините за справувањето со нив во рамките на меѓународната политичка сцена, но и од аспект на меѓународното и домашното кривично право. Притоа, студентите активно се вклучени во утврдувањето на одделните инструменти на политичка моќ кои се користат на меѓународен план за справувањето со транснационалниот криминал и со меѓународниот тероризам.
  • [6 ЕКТС] Меѓународно право за правата на човекот
    Предметот се занимава со материјата на меѓународните стандарди за човековите права, онака како што тие се дефинирани во меѓународните договори од оваа област, обичајното меѓународно право и одлуките на релевантните меѓународни организации како и одлуките на меѓународните арбитражи и судови.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Мултилатерална дипломатија и Организацијата на Обединети нации
    • Право на внатрешна пловидба
    • Меѓународна безбедност

Семестар 4

  • [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+