Програма: |
Компјутерски науки |
Насока: Kомпјутерско инженерство (2023-2024) |
|
| Циклус на студии: | Прв циклус (Додипломски) |
| Факултет: | Современи науки и технологии |
| Академска година: | 2023 / 2024 |
| Титула: | Дипломиран инженер по компјутерски науки / Насокa: Kомпјутерско инженерство |
| ЕКТС: | 180 (3 години) |
| Решение: |
Факултетот по Современи науки и технологии при УЈИЕ - Тетово е високообразовна установа чија основна задача е вршење високообразовна, научноистражувачка дејност од областа на компјутерските науки, компјутерското инженерствоибизнис-информатиката.
План-програмата за компјутерски науки е дизајнирана за да ги исполни барањата на локалниот пазар, но истовремено и да овозможи модерна иглобална перспектива.
Наставни цели на програмата:
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со пошироки комуникациски, јазични и аналитички вештини.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со теоретски и практични знаења по компјутерски науки, и истите да ги применува во реалниот живот.
- Да ги оспособи студентите да се вклучат во развој и во имплементација на различни софтверски решенија.
- Да ги оспособи студентите да работат на проекти, индивидуално или групни, кои по природа можат да бидат: научно-истражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
- Да им овозможи добра основа за понатамошно адаптирање на новите технолошки/пазарни промени како и нивна примена.
- Да овозможува вештини за поддршка при организирање.
По успешно завршување на програмата, дипломираните студенти имаат можност да се вработат во различни области во индустријата, и тоа: ИКТ ориентирани компании, бизнис сектор, јавна администрација и слично.
Со стекнатата диплома овие студенти ќе можат:
- Да ги користат компјутерскиот систем и информатичката технологија во секојдневието и пошироко.
- Ефективно да ги применуваат изучуваните методи и алгоритми.
- Да програмираат решенија за разни проблеми.
- Да организираат бази на податоци, да ги проектираат да ги имплементираат и понатаму да ги одржуваат и да ги регулираат перформансите.
- Да ги проектираат и да ги имплементираат компјутерските мрежи.
- Ефикасно да ја користат интернет-технологијата.
Знаење и разбирање
- Стекнување на знаења и разбирање во теоретските и практичните аспекти во областа на Компјутерски Науки.
- Знаењето ги вклучува главните области како што се математиката за компјутерски науки, алгоритми, информатичките технологии, мрежи, програмерски парадигми и нивната примена, бази на податоци, како и различни специјализирани предмети во избраните области од компјутерските науки.
- Знаење и разбирање на различни програмерски методологии во сценарија на практично решавање на проблемите (објектно-ориентирано, функционално,процедурално програмирање итн.)
- Знаење и разбирање во спроведување на истражувања од мали размери и примена на проекти од полето на компјутерските науки
Примена на знаењето и разбирањето
- Способност да се применуваат / да се употребуваат компјутерските системи и информационите системи во вообичаено работните задачи на напредно ниво.
- Способност да се применуваат во самостоен и креативен начин стандардните методи и алгоритми во ефективно решавање на проблеми, развој на апликации (десктоп, интернет или мобилен) со користење на стандардни и напредни компјутерски алатки и средини.
- Способност да се развијат и одржуваат софтвери, со користење на различни развиени методологии, средини и практики.
- Способноста да се развијат, организираат и одржуваат релациони бази на податоци.
- Способноста за дизајн и имплементација на компјутерски мрежи почнувајќи од мали и средни размери на локални мрежи.
- Способност да се организираат информациските системи на начин за да се решаваат различни социјални, економски и / или технолошки задачи.
- Да се предложат решенија за информациските системи на почетно и средно ниво, вклучувајќи анализа, развој на дизајн и репортирање.
Способност за проценка
- Способност да се соберат и да се анализираат. податоци со цел предлагање на софтверски решенија.
- Способност да се оценуваат платформи и развиените средини.
- Способност да се оценуваат различни информациски и софтверски решенија, како и да се развиваат други софтверски решенија.
Комуникациски вештини
- Способност за користење на софтверски решенија и за поддршка на другите во областа на информациски системи со апропријација на нивото според публиката.
- Способност да се спроведуваат ефикасни проекти по информациски системи и способност да се презентираат со почитување на професионалните стандарди.
- Придонесување во организирањето на е-општеството преку учество на состаноци и одлучни тела на различни нивоа.
- Напредни вештини и искуство во групно работење.
- Способноста за писмено и за усно комуницирање во сите фази на креации во компјутерските науки и предлози како што се: технички документации, спецификации на условите, набавките, на англиски јазик и уште најмалку на еден локален јазик на напредно ниво
Вештини на учење
- Способност да се следат напредоците во полето на компјутерската наука, способност брзо да се научат новите технологии, програмски јазици, алатки и рамки.
- Способноста да се применува вештините за учење во наставата и обуките по информациски системи во училиштата или во организациите.
- Способноста да се применува вештините за учење во создавање проекти и во управувањето со нив.
Семестар 1
-
[ACS-102]
[6 ЕКТС]
Структурално програмирање
Во рамките на овој предмет се презентираат основните концепти на програмирање кои понатаму служат како вовед во структурното програмирање. Целта е студентите да се оспособат да напишат јасни и ефикасни програми, применувајќи широк спектар на програмирачки техники.
-
[CCS-101]
[6 ЕКТС]
Вовед во компјутерски науки
Вовед во интелектуалните претпријатија од компјутерските науки и уметноста на програмирање. Овој предмет ги учи студентите како да размислуваат алгоритамски и да ги решаваат проблемите ефикасно. Проблемски множества инспирирани од уметностите, хуманистичките науки, општествените науки и науките. Дизајниран за концентратори и неконцентратори подеднакво, со или без претходно искуство во програмирање. Меѓу главните цели на овој предемет се да ги инспирира студентите да истражуваат непознати води, без страв од неуспех, да создадат интензивно, споделено искуство, достапно за сите студенти и да изградат заедница меѓу студентите.
-
[ACS-103]
[6 ЕКТС]
Линеарна алгебра
Овој предмет е дизајниран да ги обучува студентите со концептите и методите кои ја сочинуваат основата на линеарната алгебра. Линеарната алгебра всушност се јавува насекаде. Концептите на овој предмет се користат континуирано насекаде без истите да се именуваат. Интегралот е линеарен, изводот е линеарен итн. Поголемиот број на примени на математиката во „реалниот„ свет доаѓаат во израз земајки го само нивниот линеарен дел. Оваа е многу значаен материјал што секогаш ке биде важен за студентите од оваа насока. По завршувањето на овој предмет студентите ке бидат во состојба да ги користат и применат линеарните еднаквости и нивното решавање. Алгебрата на матриците. Линеарните трансформации и како истите се користат за апликација. Векторските простори. Сопствените вредности и сопствените вектори на реалната матрица. Детерминантите и ортогоналноста. Значајна цел е да ја поврзе линеарната алгебра со другите областо со или без користење на математиката.
- [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
-
[6 ЕКТС]
Изборен/Дигитални компетенции
- [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
- [EMOA-01] Microsoft Office Access
- [EMOE-02] Microsoft Office Excel
- [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
- [EMOW-04] Microsoft Office Word
- [EWC-01] Креирање веб-страници
- [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
- [E2609] Гугл апликации за едукација
- [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
- [E2742] Вовед во сајбер безбедност
Семестар 2
-
[CCE-101]
[6 ЕКТС]
Основи на електрично инженерство
Предметот претставува вовед во основни концепти на електротехника. На студентите им овозможува разбирање на основни закони, принципи и феномени од областа на електротехниката. Исто така преку теоретски и практичен пристап им овозможува да го применат стекнатото знаење и вештини во другите професионални предмети. Паралелно ќе бидат третирани и електрицитетот и магнетизмот, електрична струја, кола на едносмерна струја, синусоидална струја, RLC-кола, основни и сложени електрични кола, како и метдоди за решавање на електрични мрежи.
-
[CCS-303]
[6 ЕКТС]
Објектно - ориентирано програмирање
Овој предмет е наменет за студенти кои имаат предзнаења за структурно програмирање и треба да стекнат знаење и вештини од областа на објектно оринетирано програмирање. Цел на предметот е студентите да се здобијат со знаења и разбирање од областа на објектно-ориентирано програмирање (апстрактни типови на податоци, класи, енкапсулација, апстракција, наследување, полиморфизам и други), да се научат да пишуваат јасна и ефикасна програма користејќи ги објектно-ориентираните принципи на програмирање за креирање на ефикасни апликации, да имаат способност да направат евалуација на одредено објектно-ориентирано решение, и да се оспособат да ги применат концептите на апстрактни типови на податоци во решавање на проблемите базирајќи се на принципите на објектно-ориентирано програмирање.
-
[ACS-204]
[6 ЕКТС]
Калкулус
Преку овој предмет студентите се запознаваат и целосно ги совладуваат поимите: за функција (како посебно пресликување), начините на задавање на една функција, непрекинатоста на основните функции. Исто така, се оспособуваат за изнаоѓање на гранична вредност на функција (лимес), изводи, решавање на проблеми во врска со одредување на монотоноста и наоѓање на максималната и минималната вредност на реалните функции, се со цел на крај да бидат оспособени да нацртат граф на една функција од која што може да се прочитаат сите особини и карактеристики на функциите. Исто така има за цел студентите да се запознаат со поимот интеграл и истиот да го примената во различни практични проблеми.
- [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
-
[6 ЕКТС]
Изборен/Дигитални компетенции
- [E2610] Избрани поглавја од ИТ вештини
- [EMOA-01] Microsoft Office Access
- [EMOE-02] Microsoft Office Excel
- [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
- [EMOW-04] Microsoft Office Word
- [EWC-01] Креирање веб-страници
- [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
- [E2609] Гугл апликации за едукација
- [E2741] Основи на ИТ-хардвер и софтвер
- [E2742] Вовед во сајбер безбедност
Семестар 3
-
[CCS-202]
[6 ЕКТС]
Компјутерска архитектура
Компјутерска архитектура, се однесува на структурата и функцијата на компјутерите. Целта на „Архитектура на компјутери“ е да се прикажат, што е можно појасно и целосно, природата и карактеристиките на современите компјутерски системи. Обезбедува темелна дискусија за основите на компјутерската организација и архитектура и ги поврзува овие прашања со современиот дизајн.
-
[CCS-301]
[6 ЕКТС]
Алгоритми и структури на податоци
Разбирање на основните структури на податоци и алгоритми и компромисите помеѓу различните имплементации на овие апстракции и нивна теоретска анализа, имплементација и примена на структури на податоци како низи, листи, стекови, редици, купишта/heaps, речници/dictionaries, хеш-табели, дрвја и избалансирани дрвја, множества и графови и алгоритми за пребарување и сортирање. Главните цели што студентите ќе ги постигнат на крајот од предметот се: 1.Да може асимптотички да анализира алгоритми и структури на податоци. 2.Подобрување на вештините за објектно-ориентираното програмирање. 3.Подобрување и разбирање на рекурзивните решенија. 4.Разберање на употребата на линеарни и нелинеарни структури на податоци и практикување на програмски вештини од повисоко ниво. 5.Пишување на објектно ориентирани решенија кои вклучуваат структури на податоци. 6.Разбирање на компромисите помеѓу различните апстракции на податоци и користење на соодветното решение за даден проблем. 7.Разбирање и користење на најефикасната структура на податоци за складирање и управување со податоците.
-
[CBI-203]
[6 ЕКТС]
Дискретни структури
Целта на овој предмет е да им овозможи на студентите да се здобијат со потребните математички знаења што имаат директна примена во областа на компјутерските науки. Дел од концептите предвидени во овој предмет се веке познати за студентите, но целта овде е уште поголема, да ги формализираат тие концепти на уште повисоко ниво што ке им овозможи да го збогатат нивниот диапазон на идеи и истите да ги применат решавајки различни практични проблеми.
-
[ECS-405]
[6 ЕКТС]
Дигитално логично дизајнирање
Овој предмет обезбедува сеопфатен преглед на основните концепти на класичниот дигитален дизајн и демонстрира како дигиталните кола се дизајнираат и анализираат денес. Целта е да ги запознае студентите со современата дигитална хардверска хиерархија и да ги просветли со најсовремените методологии за дизајн на компјутерски хардвер. Исто така, содржината на предметот им дава основна идеја на студентите како да дизајнираат и симулираат логички кола и практично да ги имплементираат таквите кола.
-
[C2069]
[3 ЕКТС]
Усна комуникација
Цели на предметот се студентите: - Да развиваат вештини за вербална комуникација. - Да се во можност да се вклучат активно во дискусија за одредена тема. - Да ги совладаат техниките за успешна комуникација. - Да го изразуваат своето критичко мислење за одредени теми. - Да ги применуваат усвоените техники во својата професионална кариера.
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
Семестар 4
-
[CCS-402]
[6 ЕКТС]
Применета веројатност и статистика
Овој предмет има за цел да обезбеди разбирање на основните концепти за веројатност, условна веројатност и независни настани. Исто така, ќе се фокусира на случајната променлива, математичкото очекување и различните видови распределби, теоријата на примерок и теоријата на оценување. Друга цел на предметот е да дизајнира статистичка хипотеза за проблемот во реалниот свет и да спроведе соодветни тестови за носење на валидни заклучоци за карактеристиките на популацијата. Неизбежно е да се има знаење за тестирање на хипотези за која било истражувачка работа. Предметот ќе обезбеди можност да се научи програмата Excel и Мега Стат во значителна мера за да конкретно ги примениме теоретските знаења.
-
[CCS-403]
[6 ЕКТС]
Бази на податоци
Овој предмет опфаќа воведување на дизајнирање и користење на бази на податоци, со краток вовед во внатрешноста на системите за управување со релациони бази на податоци. Предметот вклучува опширен покриеност на релациони модел, релациона алгебра, и SQL. Овој предмет исто така опфаќа и краток вовед во дизајнирањето на релациони бази на податоци базиран на концептуален дизајн и функционални зависности и нормални форми. Студентот кој успешно ќе го заврши овој предмет ќе биде во можност да користи моделите и концептите на дизајнирање на бази на податоци. Студентот ќе биде во можност да користи бази на податоци, да дизајнира едноставни и одредени бази на податоци базирани на релациони модел на бази на податоци, да користи MS SQL Server системот за управување со база на податоци (DBMS), SQL јазикот и имплементација на пребарувања.
-
[CCS-401]
[6 ЕКТС]
Оперативни системи
Овој предмет ги проучува поважните проблеми во оперативните системи. Оперативниот систем е посредник помеѓу корисничките програми и хардверот на компјутерот (или мобилните уреди) на кои тие работат. Затоа одговорноста на оперативниот систем е управување и споделување на компјутерските ресурси. Овој предмет ќе започне со краток вовед во „главните концепти на оперативни системи“ и продолжува со евалуација на овие концепти и анализа во детали. Деталната анализа на главните компоненти на повеќето оперативни системи ќе се дискутира. Дискусијата ќе ги покрие процеси и теми, спорните точки, управување со меморијата, влезно / излезни, датотечни системи и безбедноста меѓу другите. Следниот дел на предметот се занимава со презентација на клучните концепти на дистрибуирани, мултимедија и смарт картичка оперативни системи. На крајот на концепти на мобилни оперативни системи ќе бидат претставени, анализирани и евалуирани. Сето ова ќе биде придружено од анализа на студии на случај на одредени оперативни системи од секоја категорија.
-
[C2329]
[6 ЕКТС]
VLSI дизајн
Ова е воведен предмет кој ги опфаќа основните теории и техники на дигитален VLSI дизајн во CMOS технологијата. Во овој предмет ќе се проучуваат основните концепти и структури на дизајнирање дигитални VLSI системи кои вклучуваат CMOS уреди и кола, стандардни процеси на изработка на CMOS, правила за дизајн на CMOS, статички и динамички логички структури, анализа на интерконекција, распоред на чипови CMOS, симулација и тестирање, ниска енергетски техники, алатки и методологии за дизајнирање, архитектура VLSI.
-
[C2070]
[3 ЕКТС]
Писмена комуникација
Цели на предметот се студентите: - Да стекнат сознанија за процесот на пишувањето (фази при создавање текст). - Да ги усвојат стандардните јазични норми. - Да постигнат академско ниво за писмено изразување на албански, македонски или англиски јазик со што ќе се применуваат претходно стекнатите знаења за стандардниот јазик. - Да се поттикне мотивацијата на студентите за писмено изразување независно од видовите и формите на текстот. - Да ги усвојат критериумите на текстуалноста, кои се клучни за еден текст. - Да стекнат вештини за пребарување материјали (библиотечни и онлајн-ресурси).
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
Семестар 5
-
[CCS-503]
[6 ЕКТС]
Компјутерски мрежи
Предметот ќе опфати од основите на модерните мрежни технологии и протоколи до преглед на облакот (cloud) и центрите за податоци. Предметот ќе ги опфати клучните мрежни „слоеви“, запознавање со основните концепти на компјутерските мрежи, од компјутер до компјутер, запознавање со протоколи на соодветни мрежни, и како тие функционираат заедно за да обезбедат услуги, со акцент на: апликации, транспорт, мрежи и врски. Понатаму, предметот ќе се фокусира на тоа како овие слоеви се манифестираат на Интернет и како дизајнот на Интернет го олеснил неговиот огромен раст. По завршување на предметот студентите имаат компетенции за: работа во мрежна околина и познавање на основните концепти на компјутерските мрежи и работа со протоколите.
-
[C2328]
[6 ЕКТС]
Вградени системи
Овој предмет има за цел да им обезбеди на студентите еден општ вовед околу вградливите системи, нивната употреба како и принципите за нивно дизајнирање. Дизајнирањето на вградливи системи бара темелно разбирање на различни нивоа, почнувајќи од основните хардверски специфики до програмирање на највисоко ниво. Студентите ќе се запознаат со различни микроконтролерски архитектури и нивно програмирање во асемблер и C јазик. Истотака, студентите се запознаваат со различни оперативни системи кои се употребуваат за реализација на вградливи системи како и принципите за програмирање на апликации базирани на таквите оперативни системи.
-
[6 ЕКТС]
Изборен од друга единица
- [CPA-101] Вовед во јавна администрација
- [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
- [CPA-302] Вовед во јавни политики
- [CLE-101] Вовед во право
- [ELE-708] Вовед во криминалистика
- [C2298] Трудово право
- [EFE-132] Човекови права и слободи
- [CLE-203] Правно пишување и образложување
- [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
- [ELE-408] Семејно насилство
- [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
- [CCS-102] Интернет технологии
- [CCS-402] Применета веројатност и статистика
- [ECS-500] Е-трговија
- [CISM2021] Вовед во информациски системи
- [ECS3060] Професионална ИТ-етика
- [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
- [EFE-105] Германски јазик 1-4
- [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
- [EFE-108] Меѓукултурни студии
- [E2539] Критичко резонирање и размислување
- [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
- [ECM-602] Медиуми и општество
- [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
- [CBE-103] Принципи на менаџмент
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [EBE-408] Менаџмент на проект
- [EBE-403] Бизнис-план
- [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
- [EF999] Француски јазик 1-2-3
- [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
- [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
- [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
- [ECE-02] Разговорен англиски јазик
- [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
- [E2530] Белетристика и забава
- [E2531] Англиска литература и филм
- [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
- [E2739] Етика во јавни институции
-
[6 ЕКТС]
Општ изборен (од СП)
- [ECS-601] Програмирање во Java
- [E2722] Програмирање во .NET
- [E2723] Криптографија
- [C2306] Програмирање во Python
- [E2724] Развој на мобилни апликации
- [ECS-403] Програмирање игри
- [ECS-500] Е-трговија
- [E2732] Управување со компјутерска мрежа
- [EACS-03] NoSQL бази на податоци
- [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
- [ECS3060] Професионална ИТ-етика
- [E2731] Дигитално логично дизајнирање и симулација
- [E2730] Нумерички методи
- [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
- [E2727] Cyber безбедност
- [ECS-703] Бизнис-аналитика
-
[6 ЕКТС]
Општ изборен (од СП)
- [ECS-601] Програмирање во Java
- [E2722] Програмирање во .NET
- [E2723] Криптографија
- [C2306] Програмирање во Python
- [E2724] Развој на мобилни апликации
- [ECS-403] Програмирање игри
- [ECS-500] Е-трговија
- [E2732] Управување со компјутерска мрежа
- [EACS-03] NoSQL бази на податоци
- [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
- [ECS3060] Професионална ИТ-етика
- [E2731] Дигитално логично дизајнирање и симулација
- [E2730] Нумерички методи
- [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
- [E2727] Cyber безбедност
- [ECS-703] Бизнис-аналитика
Семестар 6
-
[CCE-802]
[6 ЕКТС]
Интернет на нешта
Целта на предметот е да им обезбеди на студентите основни знаења за основните концепти на Интернет на нештата. Во текот на предметот, студентите ќе бидат изложени на теоретски и практични аспекти во однос на архитектурата и апликациите на сензорските мрежи и 4G/5G системите. Студентите ќе се оспособат за користење на научените концепти преку анализа на архитектури и компјутерски комуникациски технологии за безжични Интернет апликации во најразновидни домени на примена: индустриски и домашни мрежи од уреди, паметни околини, како и примена во сензорски и актуаторски мрежи.
-
[CISM2021]
[6 ЕКТС]
Вовед во информациски системи
Цели на предметот: 1.Да ги научат основните концепти и терминологијата на информациони системи a.Основни информациски системи и концепти: Хардвер, софтвер, мрежи b.Е-World: е-бизнис и е-трговија c.развојни процеси 2.Да научат повеќе за информациони системи и технологии кои ги подобруваат бизнис вредноститите и разните бизнис процеси во организациите. 3.Да ги применат е-концептите со различни управувачки дисциплини, при процес на анализа, интерпретација, проценка и одлука. 4.Да го разберат процесот на редизајнирање на организации со користење на информациски системи. 5.Да ја опишат улогата на информациските системи во донесувањето одлуки. 6.Да ја испитат безбедноста на информациите, како и етички и социјалните прашања. 7.Да се запознаат со Интернетот, електронската трговија, и е-бизнисот. 8.Да се оспособат студентите да работат на проекти, индивидуално или групни, кои по природа можаат да бидат: студии на случај, научно – истражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
-
[6 ЕКТС]
Изборен од друга единица
- [CPA-101] Вовед во јавна администрација
- [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
- [CPA-302] Вовед во јавни политики
- [CLE-101] Вовед во право
- [ELE-708] Вовед во криминалистика
- [C2298] Трудово право
- [EFE-132] Човекови права и слободи
- [CLE-203] Правно пишување и образложување
- [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
- [ELE-408] Семејно насилство
- [CCS-101] Вовед во компјутерски науки
- [CCS-102] Интернет технологии
- [CCS-402] Применета веројатност и статистика
- [ECS-500] Е-трговија
- [CISM2021] Вовед во информациски системи
- [ECS3060] Професионална ИТ-етика
- [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
- [EFE-105] Германски јазик 1-4
- [EEL-613] Мултикултурализмот во наставата по англиски
- [EFE-108] Меѓукултурни студии
- [E2539] Критичко резонирање и размислување
- [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
- [ECM-602] Медиуми и општество
- [CBE-101] Вовед во економија и бизнис
- [CBE-103] Принципи на менаџмент
- [EBEM-503] Деловно комуницирање
- [EBE-408] Менаџмент на проект
- [EBE-403] Бизнис-план
- [EBE-409] Корпоративна општествена одговорност и етика
- [EF999] Француски јазик 1-2-3
- [BSIL3010] Италијански јазик 1-2-3
- [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
- [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
- [ECE-02] Разговорен англиски јазик
- [E2529] Комуникациски вештини во професионален контекст на англиски
- [E2530] Белетристика и забава
- [E2531] Англиска литература и филм
- [E2540] Македонски јазик за правна и ЕУ-терминологија
- [E2739] Етика во јавни институции
-
[6 ЕКТС]
Општ изборен (од СП)
- [ECS-601] Програмирање во Java
- [E2722] Програмирање во .NET
- [E2723] Криптографија
- [C2306] Програмирање во Python
- [E2724] Развој на мобилни апликации
- [ECS-403] Програмирање игри
- [ECS-500] Е-трговија
- [E2732] Управување со компјутерска мрежа
- [EACS-03] NoSQL бази на податоци
- [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
- [ECS3060] Професионална ИТ-етика
- [E2731] Дигитално логично дизајнирање и симулација
- [E2730] Нумерички методи
- [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
- [E2727] Cyber безбедност
- [ECS-703] Бизнис-аналитика
-
[6 ЕКТС]
Општ изборен (од СП)
- [ECS-601] Програмирање во Java
- [E2722] Програмирање во .NET
- [E2723] Криптографија
- [C2306] Програмирање во Python
- [E2724] Развој на мобилни апликации
- [ECS-403] Програмирање игри
- [ECS-500] Е-трговија
- [E2732] Управување со компјутерска мрежа
- [EACS-03] NoSQL бази на податоци
- [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
- [ECS3060] Професионална ИТ-етика
- [E2731] Дигитално логично дизајнирање и симулација
- [E2730] Нумерички методи
- [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
- [E2727] Cyber безбедност
- [ECS-703] Бизнис-аналитика