COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Mаркетинг и иновационен менаџмент (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: MIM-60
Академска година: 2022 / 2023
Титула: Магистер по маркетинг и иновационен менамент
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение:

Целите на програмата се:

  • Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развој на современиот менаџмент;
  • Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат делувања, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
  • Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
  • Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век. 

По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:

  • Индивидуално и групно да работат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението;
  • Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата;
  • Активно да бидат вклучени во изградбата на макроекономската и микроекономската  политика;
  • Да бидат информирани и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.
Знаење и разбирање

Да поседуваат знаење и разбирање за деловното окружување, деловните субјекти и нивните делувања во контекст на применет бизнис (економија, менаџмент, маркетинг, финансии, програмирање, бази на податоци, компјутерски и информациски системи, мрежи и инженерство на податоци).

Да имаат способност за развој и за примена на оригинални и креативни идеи во околини во кои се преклопуваат или заемно се поврзани областите на применет бизнис.

Да имаат способност за примена на интердисциплинарно знаење и за демонстрација на специјалистички компетенции од применет бизнис.

Примена на знаењето и разбирањето

Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми во нови околини или во околини во кои студентите немаат претходно искуство во мултидисциплинарен контекст на реална бизнис-околина или организациска околина. Планирање, водење и евалуација на независни истражувања во областа на бизнисот, имплементирајќи соодветни пресметувачки алатки, околини и технологии.

Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од бизнис-процесите и соодветно користење компјутерски алатки базирани на дефинирани техники за истражување и испитување. Имаат знаење да започнат и да развијат сопствен бизнис.

Способност за проценка

Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области поврзани со бизнис-процесите и со користењето компјутерски алатки и техники.

Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со бизнис-процесите, за идентификација на соодветни специјализирани инстанци во областа на бизнисот и во информатиката и за донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.

Имаат способност за донесување деловни одлуки на ниско ниво на менаџмент. 

Поседува способност да ја анализира конкуренцијата на пазарот.

Комуникациски вештини

Вештини за јасно и недвосмислено изведување стручни заклучоци, резултати, студии и сознанија со способност за приспособување на стилот и формата на изразување.

Вештини за критички, независни и креативно аргументирани истражувања, евалуација на методологии и предлагање и бранење нови хипотези.

Вештини за иницирање, водење и за преземање одговорност за индивидуи и за групи во случаи во кои бизнис-компетенциите и информатичките компетенции се од суштинска важност.

Вештини за презентирање на резултати од различни студии, пренесува деловни планови на работни групи и стејкхолдери.

Вештини на учење

Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и за автономно дообразование, како и за негово изведување самостојно во вообичаените бизнис- области и информатички области.

Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани бизнис-области и информатички области во рамките на вмрежената економија.

Ги користи компјутерските вештини за да се здобие со правни знаења.

Има вештини за индивидуално и тимски да учи.

Поседува способност за деловни анализи и за користење научна литература и преглед од други автори.

Семестар 1

  • [CMBA01] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаења и да ги разберат различните научни теории и методологии. Во почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно да ги опишат; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
  • [EBE-408] [6 ЕКТС] Менаџмент на проект
    Целта на предметот е студентите да се воведат во светот на современите проекти и да се соочат со можностите и предизвиците на реалниот економски живот во креирање на соодветни потребни реални проекти. Специфични цели на предметот се: како да се утврди одреден проект (користејќи неколку фази) и да се истакне значајната улога на менаџерот на проектот (разбирање на потребата, областа на делувањето, активностите за реализација, комплексноста на модерниот проект и др.). Студентите треба да се обучат како да ги применуваат современите алатки и техники на современиот проектен менаџмент при трансформирање потреба или креативна идеја во соодветен реален и документиран проект кој ќе направи да бидат поинвентивни за себе и покомпетитивни на пазарот на трудот.
  • [EMBA02] [6 ЕКТС] Маркетинг истражување
    Целите на маркетинг -истражувањето се студентите: 1. Да ги разберат основните принципи, концепти и алатки за мерење од суштинско значење за планирање, спроведување и оценување на активностите за маркетинг истражување. 2. Да научат како да дизајнираат студии за маркетинг истражување на логичен и систематски начин. 3. Да научат за разликата помеѓу квалитативните и квантитативните методи на истражување. 4. Да бидат способни да користат истражувања и секундарни извори на информации за да формулираат релевантни истражувачки прашања. 5. Да бидат способни да ги операционализираат концептите со цел да развијат предлози за тестирање. 6. Да бидат способни да собираат, организираат и анализираат податоци и да ги интерпретираат наодите за да ги решат проблемите со маркетинг-истражувањата.
  • [E2587] [6 ЕКТС] CRM и дигитална аналитика
    Овој предмет е дизајниран да ги задоволи зголемените барања од индустријата и работодавците за примена на квантитативни и аналитички вештини за поддршка на софистицирано донесување одлуки за маркетинг. Содржината на предметот се заснова на врвни истражувања за оптимизација и интерактивен маркетинг за да се проучи управувањето со односите со клиентите и дигиталниот маркетинг. Целта е да се применат алатки за оптимизација за да се извлечат аналитички решенија за поприлагодени и поактивни маркетинг одлуки, како што се цените, промоцијата и управувањето со залихите, кампањи за распродажба и распределување на услуги. Студентите ќе научат како да подготват најсовремени маркетинг стратегии и релевантни аналитички техники што можат да се користат за поддршка на овие одлуки.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [C2132] E-трговија
    • [E2579] Финасии на недвижен имот и анализа на инвестиции
    • [E2580] Одржливо претпријатије
    • [E2581] Лидерство, тимска работа и разновидност
    • [E2582] Сметководствени информациони системи
    • [E2585] Преговори за решавање конфликти и водечки промени
    • [E2598] Маркетинг business to business
    • [E2599] Организациско однесување
    • [EM559] Бизнис консалтинг
    • [E2584] Менаџмент на инвестиции
    • [E2586] Трговска аналитика
    • [CM155] Менаџмент на семеен бизнис
    • [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
    • [CBEM-503] Истражување на пазарот
    • [E2590] Бизнис логистика
    • [EBA072] Менаџмент на мал бизнис
    • [EBEM-504] Меѓународен маркетинг
    • [E2600] Управување со нов производ
    • [C2137] Веб и аналитика на социјални медиуми
    • [E2611] Менаџмент на вкупен квалитет и перформанси

Семестар 2

  • [BE-MA-THESIS] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Преку овој модул студентите ќе можат да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на комплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерскиот труд, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаризам и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+