Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Kомпјутерски науки (2022/2023)

Насока: Развој на софтвер и апликации
Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по компјутерски науки / Oбласт: Развој на софтвер и апликации
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Студиската програма има за цел:

  • Да одговори на потребите на глобалниот пазар на развој на софтвер и на апликации, со посебен акцент на регионалните потреби и специфичните перспективи на Република Македонија во насока на градење заеднички европски образовен, работен и истражувачки простор.
  • Да се подготват студентите за актуелните и идните технолошки предизвици од областите на ИКТ со развивање вештини за критичко размислување неопходни за креативност, етичност и ефикасност во широк спектар на контексти.
  • Да се обучат студентите да пристапуваат кон информациските потреби на одредена организација, да имплементираат современи технологии и да откриваат иновативни решенија за бизнис и за истражувачки програми.
  • Да се подготват студентите за понатамошни академски, односно научно-истражувачки кариери.

Преку програмата студентите ќе ги стекнат потребните знаења и вештини за да придонесат во сите аспекти на процесот на развој на софтвер, вклучувајќи и планирање, соработка, спецификација, дизајн, кодирање, испорака и одржување на софтверски производи. Студентите ќе стекнат и општи вештини за аналитичко и критичко размислување, за тимска работа и работа во мултикултурни средини, планирање и организирање итн. По завршувањето на оваа програма, дипломираните студенти ќе имаат можности за кариера во различни индустрии, главно исполнувајќи ги потребите за дизајн на компјутерски системи, како развивач на софтвер, развивач на мобилен и веб-софтвер, инженер на бази на податоци, менаџер на софтверски проекти и процеси или дизајнирање на информациони системи, а во зависност од насоката што ќе ја одберат во оваа студиска програма. Последниот семестар на студии вклучува пишување на магистерскиот труд, овозможувајќи им на дипломираните студенти да ги продолжат своите студии на докторски студии по компјутерски науки.

Знаење и разбирање

Напредни знаење и разбирање во областа на развој на апликации и софтвер, вклучувајќи:

  • Развој на софтвер, анализа на потребите, проектирање, кодирање, тестирање;
  • Програмски јазици, нивна анализа и употреба во развојот на различни софтверски решенија, анализа на софтверски системи, развој на интернет-апликации и сигурност, вмрежување;
  • Знаење на напредни концепти на информатиката.
  • Менаџирање со поголеми софтверски проекти.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Може да аплицира, да употреби, да развива и да распоредува напредни софтверски системи.
  • Може да нуди и да примени различни методи и методологии на развој на софтвер за испорака на поголеми информатички решенија.
  • Може да користи разни алатки за развој на софтвер и да ги програмира истите употребувајќи шел, скрипти и компајлирани програми  во самостојни или веб-средини.
  • Може да учествува во процесот на решавање проблеми на оригинален, критичен и креативен начин во нови, невидени или непознати средини за развој на софтвер.
  • Во можност е да организира софтверски системи со цел решавање различни социјални, економски и/или технолошки прашања.
  • Во можност е да учествува во истражувачки проекти како база за понатамошен академски развој.
  • Демонстрира експертиза во третирањето реални проблеми од областа на развој на софтвер и менаџирање со проекти.
  • Може да развива и да аплицира оригинални и креативни идеи.
Способност за проценка
  • Може на адекватен начин да собере, да анализира и да евалуира податоци, употребувајќи современи алатки и системи за одредени социални, економски и/или организациони прашања.
  • Има способност адекватно да ги процени потребните рокови, ресурси и ризици при планирање, развој, распоредување и одржување на софтвер, употребувајќи адекватни алатки.
  • Може да аргументира и да образложи идеи, концепти.
  • Може да тестира, да процени и соодветно да одлучи за различни можни информатички решенија.
Комуникациски вештини
  • Може на јасен и недвосмислен начин да ги презентира своите знаења, податоци и резултати од студии на членови на тимот, на клиенти, на управители и на други засегнати страни при развој на софтвер.
  • Може адекватно да ги прилагоди стилот и формата на изразување кога се обраќа на нестручна публика.
  • Може да иницира, да води и да преземе одговорност за работата на група на луѓе.
  • Во можност е да преземе подготовки за истражување и да придонесе во полето на развој насофтвер
Вештини на учење
  • Може да ги следи новите достигнувања во полето на развој на апликативен софтвер, да научи нови технологии и ги имплементира.
  • Може да гиидентификува сопствените потреби и насоки на лично  усовршување.

Семестар 1

  • [MCS-303] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат различните научни теории и методологии. Во почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно опишани; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
  • [MCS-103] [6 ЕКТС] Напредно софтверско инженерство
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат напредните концепти од софтверското инженерство. Се започнува од формалните спецификации, нотациите, симболите и спецификациите („формални методи“) кои се потребни за да се определи формално еден софтверски систем. Студентите ќе бидат запознаени и со изградба на јасна формална спецификација. Во рамките на овој предмет опфатени се и следниве аспекти на напреден софтверски инженеринг: Кои се клучните технички активности кои се спроведуваат во текот на процесот на изработка на софтверскиот процес? Каков компонентно-базиран софтверски инженеринг се користи за креирање системи со употребливи компоненти? На кој начин клиент-сервер архитектурата влијае на начинот на кој софтверот се развива? Дали концептите и начелата на софтверско инженерство се применуваат за веб-базирани апликации и производи?
  • [MCS-201] [6 ЕКТС] Напредни податочни структури и алгоритми
    Овој предмет се базира на претходни знаења од областа на алгоритмите и структурите на податоци. Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со напредни ефикасни алгоритми и соодветни структури на податоци кои се користат за организација, барање и за оптимизација на податоци. Се разгледува и теоретската ефикасност на алгоритмите и нејзиното практично утврдување со цел да може да се споредат различни алгоритми. Во текот на предавањата, студентите ќе се запознаат со неколку познати алгоритми, особено за барање и оптимизација во комплексни нелинеарни структури, како на пр. стебла и графови.
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [EMCS-03] Веб-инженерство
    • [ECS4060] Интеракција човек - компјутер
    • [ECSWMS-07] Технологии “Cloud Computing“
    • [EMCS-01] Сервис ориентирани архитектури
    • [EMCS-02] Визуелизација на податоци
    • [ECSWMS-05] Безбедност на веб-апликации
    • [ECSWMS-04] Развој на софтвер за мобилни уреди
    • [ECSWMS-06] Дистрибурани системи “Large Scale”
    • [ECSSE-01] Управување со софтверски проект
    • [ECSSE-02] Тестирање и анализа на софтвер
    • [ECSSE-03] Инженеринг на барања
    • [ECSSE-04] Агилен развој на софтвер
    • [ECSSE-05] 'Model-Driven' развој на софвер
    • [ECSSE-06] Обезбедување на квалитет на софтвер и менаџирање со ризици
    • [EM480] Програмирање во повеќе парадигми
    • [EM481] Софтверско инженерство за дистрибутивни системи
    • [EM549] Современ ‘front-end’ развој за веб
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [EMCS-03] Веб-инженерство
    • [ECS4060] Интеракција човек - компјутер
    • [ECSWMS-07] Технологии “Cloud Computing“
    • [EMCS-01] Сервис ориентирани архитектури
    • [EMCS-02] Визуелизација на податоци
    • [ECSWMS-05] Безбедност на веб-апликации
    • [ECSWMS-04] Развој на софтвер за мобилни уреди
    • [ECSWMS-06] Дистрибурани системи “Large Scale”
    • [ECSSE-01] Управување со софтверски проект
    • [ECSSE-02] Тестирање и анализа на софтвер
    • [ECSSE-03] Инженеринг на барања
    • [ECSSE-04] Агилен развој на софтвер
    • [ECSSE-05] 'Model-Driven' развој на софвер
    • [ECSSE-06] Обезбедување на квалитет на софтвер и менаџирање со ризици
    • [EM480] Програмирање во повеќе парадигми
    • [EM481] Софтверско инженерство за дистрибутивни системи
    • [EM549] Современ ‘front-end’ развој за веб

Семестар 2

  • [MCS-101] [6 ЕКТС] Напредни бази на податоци
    Целите на овој предмет се да се продолжи со суштинско проучување на базите на податоци. Предметот е продолжение на предметот Бази на податоци од првиот циклус на студии, а се започнува со повторување на концептуалниот дизајн и продолжува со проширениот концептуален дизајн. Се објаснува концептот на нормализација на шемите на базата на податоци, се дефинираат нормалните форми и се применуваат во дизајнирање. Се продолжува со: начините на складирање податоци, претставување на податоците, архитектурата на системот за управување со базите на податоци, процесирање и оптимизација на пребарувањата, трансакциите, техниките на паралелна контрола, алгоритмите на обновување на базата на податоци и сигурност и автентификација.
  • [SAD-200] [24 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+