COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Бизнис информатика (2022-2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Код на програмата: N-MBI120C
Академска година: 2022 / 2023
Титула: Магистер по бизнис информатика
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Бизнис информатиката (БИ) е широко позната дисциплина во континентална Европа. И покрај тоа што е слична на информационите системи, таа се фокусира повеќе на техничките прашања, вклучувајќи ги и информационите системи и структурните пристапи за моделирање и за анализа на деловните процеси и проблеми.БИ е особено важна во областа на економијата и  во средината на претпријатието, кое се карактеризира со стратегиски спојувања, физички дистрибуирани оперативни средини и глобални бизнис-партнерства. Нови стратегии, техники, алатки и технологии за развој на соодветна област како што е БИ ќе биде главната цел на програмата. Разбирање и на бизнисот и на информатиката е од големо значење за работата на сите бизнис-професионалци, вклучувајќи ги и извршните директори кои ги утврдуваат главните стратегиски насоки на организацијата, професионалци на информацијата кои дизајнираат и испорачуваат нови информациски услуги; сметководствени и финансиски менаџери кои користат информациони системи за управување со финансии и деловни извештаи како и менаџери за маркетинг и продажба кои користат информациски системи за следење на купувањата на клиентите и за промовирање на нови производи.            Бизнис информатиката е студија на информатичката технологија во контекст на бизнисот. Информациите станаа клучен ресурс во бизнисот кој доведе до создавање на нова кариера за поединци кои разбираат како да работат со информации. Овие „работници познавачи" - луѓе кои разбираат како да ги чуваат, да ги преземаат и да ги анализираат информациите во моментов имаат ветувачка и продуктивна кариера што им се наметнува. Оваа рамнотежа исто така го одразува односот меѓу теоретската и практичната програмска содржина стекнати преку предавања, упатства, семинари, сесии во компјутерски лаборатории и преку самостојно учење. Знаењата се стекнуваат преку различни методи, вклучувајќи испитни сесии, тестови во училница, вежби, индивидуални задачи, групна работа и презентации. Од студентите се очекува да покажат аспекти на инвентивност и оригиналност. Наставната цел е студентите да стекнат квалитетни наставни искуства преку кои ќе им се обезбедат најдобрите можности за разбирање на наставните содржини и за реализација на нивниот максимален потенцијал.

Со завршување на програмата Бизнис информатика, дипломираните студенти ќе најдат вработување во: развојот на системи, софтверот за управување со проекти, поддршка на крајните корисници на ИТ, програмирање, а и како аналитичари на бизнис-системи. Поради оваа причина, поединците кои имаат не само способноста да дизајнираат технички, компјутерски базирани решенија, но исто така можат да ги забележат можностите на ИТ од бизнис-перспектива, ќе се бараат за вработување од секоја организација. Студентите ќе ги стекнат следниве вештини:

  • Да управуваат со информациите во средни и големи организации.
  • Да анализираат, да планираат и да развијат решенија кои се во согласност со потребите на пазарот.
  • Да планираат потребни бизнис-анализи и да го проценат ризикот на бизнисот.
  • Да ја ​​развијат умешноста, да придонесат во процесот на донесување одлуки, дизајн и имплементација на промени во бизнис-процесите.
Знаење и разбирање
  • Напредни знаење и разбирање во областа на бизнис информатиката (економија, менаџмент, маркетинг, финансии и респективно програмирање, бази на податоци, компјутерски и информациски системи) на ниво на кое се поддржуваат претходните знаења преку фундаментални истражувања и вештини да демонстрира експертиза на реални проблеми од областа.
  • Способен е да развие и да имплементира оригинални и креативни идеи во околина која бара интердисциплинарно знаење од разни поврзани области како бизнис и информатика и да ги изрази своите специјалистички компетенции на ист начин
Примена на знаењето и разбирањето
  • Може оригинално, критички, независно и креативно да аплицира, да употреби, да развива и да реши проблеми во нови и непознати средини во мултидисциплинарен контекст на реален бизнис и организациона околина.
  • Може да планира, да реализира и да евалуира независни истражувачки појави во областа на бизнисот и да имплементира и да примени различни методи и методологии на развој на софтвер за комерцијални бизнис цели.
  • Може да користи разни алатки за развој на софтвер и да ги програмира употребувајќи шел, скрипти и компајлирани програми во самостојни или во веб-средини.
  • Може на оригинален, критичен и креативен начин да учествува во процесот на решавање проблеми во нови, невидени или непознати средини за развој на софтвер.
  • Во можност е да организира софтверски системи со цел решавање на различни социјални, економски и/или технолошки прашања.
  • Во можност е да учествува во истражувачки проекти како база за понатамошен академски развој.
  • Демонстрира експертиза во третирањето на реални проблеми од областа на развој на софтвер и менаџирање со проекти.
  • Може да развива и да аплицира оригинални и креативни идеи.
Способност за проценка
  • Може на адекватен начин да собере, да анализира и да евалуира податоци, употребувајќи современи алатки и системи за одредени економски и/или информатички и организациони прашања, обично од перспектива на менаџмент и маркетинг.
  • Аргументира идеи, концепти и квалитативно и квантитативно од бизнис и организационен карактер за чие решение користи и имплементира знаења од информациони системи, корпоративни бази на податоци и други софтверски алатки.
  • Има способност адекватно да ги процени потребните рокови, ресурси и ризици при планирање, развој, распоредување и одржување софтвер, употребувајќи адекватни алатки.
  • Може да тестира, да процени и соодветно да одлучи за различни можни информатички решенија вокомерцијални цели.
Комуникациски вештини
  • Може на јасен и недвосмислен начин да ги презентира своите знаења, податоци, резултати од студии и сл., на членови на тимот, на клиенти, од бизнис-сферата како и од информатичката сфера.
  • Може адекватно да ги прилагоди стилот и формата на изразување кога се обраќа на нестручна публика.
  • Може да иницира, да води и да преземе одговорност за работата на група на луѓе каде компетенциите од бизнисот и информатиката се круцијални за нивната позиција.
Вештини на учење
  • Може да ги идентификува персоналните потреби и насоки за индивидуално и автономно учење и да реализира и сам да стекнува знаења од областите на бизнисот и економијата како и во полето на информатиката,  да научи нови технологии и да ги имплементира.
  • Може да преземе одговорност за индивидуално или групно учење во специјализирани области од бизнис и економија, вклучувајќи дефинирање цели на учење за средни и подолги периоди.

Семестар 1

  • [C2117] [6 ЕКТС] Основи на економија за бизнис
    Целта на предметот е студентите да се запознаат со основните економски и деловни принципи и начините на кои тие можат да им помогнат на носителите на одлуки во деловното опкружување да донесуваат добри одлуки. Преку предметот ќе се обработуваат основните принципи и концепти на микроекономијата кои објаснуваат како економистите донесуваат одлуки и како овие одлуки се употребуваaт. Понатака, преку предметот се објаснува како функционираат принципите на макроекономијата и економскиот систем во една земја. Исто така, студентите ќе стекнат вештини за анализирање на одлуките донесени од економските агенти и нивното влијание економскиот систем. Така, преку предметот се илустрира начинот на кој економистите го гледаат светот. При завршување на предметот студентите треба да бидат во можност да „размислуваат како економист“. Овој предмет обезбедува истражување на принципите на микро и макроекономијата, со фокус на примена на знаењето во донесување одлуки во глобална средина.
  • [ECSIS-05] [6 ЕКТС] Управување со информациски системи
    Целта на предметот е да се даде опширен вовед во информациските системи, од организациска и од општествена призма и студентите да стекнат сознанија за техничките и организациските перспективи, кои ќе послужат како основа за понатамошните студии во ова поле.
  • [MCBI2022] [6 ЕКТС] Управување со ИКТ проекти
    Овој предмет претставува вовед во областа на управување со ИКТ проекти, презентирање на техники и пристапи и со цел да се развие критичка свест за предизвиците и недостатоците во оваа област. Модулот се базира на познавање на софтверското инженерство и од други предмети од областа на информациските системи.
  • [EM556] [6 ЕКТС] Основи на компјутерски науки
    Цели на предметот: Да им овозможи на студентите да се стекнат со основни познавања и вештини од областа на компјутерските науки. Да им овозможи на студентите да се стекнат со теоретски и практични знаења во областа на компјутерските науки, и истите да ги применуваат во реалниот живот. Да ги оспособи студентите да работат на проекти, индивидуални или групни, кои по природа можат да бидат: научно - истражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен предмет
    • [EM552] Влијанија на дигитализацијата
    • [EM551] Развој на напредни системи
    • [E2583] Менаџмент на иновации
    • [EM550] Новите технологии и проблеми
    • [ECSSE-02] Тестирање и анализа на софтвер
    • [ECSSE-06] Обезбедување на квалитет на софтвер и менаџирање со ризици
    • [EMBI1030] Е-сметководство
    • [EMCS-01] Сервисориентирани архитектури
    • [MCBI2021] Е-трговија
    • [EM553] Развој на веб и мобилни апликации
    • [EMCS-02] Визуелизација на податоци
    • [EM554] Дигитална економија
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [MCBI3031] Бизнис интелигенција и аналитика
    • [ECSIS-07] Анализа и дизајн на системи
    • [ECSSE-01] Управување со софтверски проект
    • [EM555] Складирање на податоци
    • [ECSWMS-07] Технологии “Cloud Computing“
    • [EM558] Големи системи (ERP, CRM)
    • [ECSSE-03] Инженерство на побарувања
    • [EM557] Основи на бизнис администрација

Семестар 2

  • [CM184] [6 ЕКТС] ИТ-инфраструктура
    Целта на предметот е студентите да се запознаат со потребните терминологии за ИТ инфраструктурата, организацијата, процесите, дизајнот, имплементацијата и управувањето. Темите вклучуваат основи на телекомуникации, архитектура на сервери, како и кластер и мрежно пресметување. Преку предметот се третираат и техниките за развој на интегрирани архитектури (хардвер, софтвер, мрежи и податоци) со цел креирање потребна технолошка средина кај компаниите кои ќе им овозможат брзо приспособување и менување на бизнис-процесите.
  • [CM183] [6 ЕКТС] Архитектура на корпоративни системи
    Предметот ги опфаќа основните аспекти на корпоративното и на архитектонското размислување, вклучително и континуумот на архитектурата: софтвер-технологија-решение, улогата на корпоративната архитектура во усогласување на бизнисот со технологијата, како и архитектонските стилови и техники. Техниките за анализа и расудување за архитектурите се практикуваат на задачите на час.
  • [CM180] [6 ЕКТС] Науката за податоци
    Науката за податоци е нова интердисциплинарна област што произлегува од статистиката, математиката и компјутерските науки. Науката за податоци вклучува користење методи за анализа на огромни количини податоци и извлекување знаење од нив. Целта на овој предмет е студентите да ги совладаат основните принципи на науката за податоци. Студентите ќе ги научат основите на науката за податоци и pipeline обработка на податоци, почнувајќи од собирање податоци, чистење на податоци, истражување и визуелизација на податоци, моделирање и извлекување на заклучоци се до подготвување на професионалните извештаи. Предметот, исто така ќе им помогне на студентите како да ги користат алатките за извлекување, собирање, чистење, анализирање, истражување и визуелизација на податоци; донесување заклучоци и одлуки базирани на податоци; и ефективно толкување и соопштување на резултатите.
  • [6 ЕКТС] Oпшт изборен предмет
    • [EM552] Влијанија на дигитализацијата
    • [EM551] Развој на напредни системи
    • [E2583] Менаџмент на иновации
    • [EM550] Новите технологии и проблеми
    • [ECSSE-02] Тестирање и анализа на софтвер
    • [ECSSE-06] Обезбедување на квалитет на софтвер и менаџирање со ризици
    • [EMBI1030] Е-сметководство
    • [EMCS-01] Сервисориентирани архитектури
    • [MCBI2021] Е-трговија
    • [EM553] Развој на веб и мобилни апликации
    • [EMCS-02] Визуелизација на податоци
    • [EM554] Дигитална економија
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [MCBI3031] Бизнис интелигенција и аналитика
    • [ECSIS-07] Анализа и дизајн на системи
    • [ECSSE-01] Управување со софтверски проект
    • [EM555] Складирање на податоци
    • [ECSWMS-07] Технологии “Cloud Computing“
    • [EM558] Големи системи (ERP, CRM)
    • [ECSSE-03] Инженерство на побарувања
    • [EM557] Основи на бизнис администрација

Семестар 3

  • [MCS-303] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат различните научни теории и методологии. Во почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно да ги опишат; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
  • [MCBI-01] [6 ЕКТС] Моделирање на бизнис-процеси
    Цели на предметот: Процесите се основните технологии на сите организации за производство и испорачување на производи и услуги кои ги задоволуваат потребите на клиентите. Со цел да се продолжи да се служи на своите клиенти и да останат конкурентни, од организациите сè повеќе се бара постојано анализирање, редизајнирање, и подобрување на нивниот од крај-до-крај клучен бизнис процес во покуси временски рамки да се постигнат оперативните цели. Реализацијата на интегрирање на овој бизнис процес бара ИТ инфраструктура која овозможува луѓето, процесите и информациите да бидат интегрирани на флексибилен начин. Преку овој предмет ќе се истражува како можат организациите да моделираат бизнис процеси како нивен прв чекор во постигнување на флексибилен и интегриран бизнис. Исто така, ќе се испитуваат и информатичките технологии и архитектури кои се ветувачки за решавање на интеграцијата на бизнис процесот. Овој предмет ќе им обезбеди на студентите: - Рамка за разбирање на дизајнот, контролата и подобрувањето на бизнис процеси. Голем дел од овој материјал ќе биде повлечен од областа на управување со операции. - Методологија за анализирање, моделирање, и дизајнирање на бизнис процеси, вклучувајќи ја и употребата на симулација за мерење и споредување на ефикасноста на различни модели. - Познавање на тековните и новите информатички технологии и архитектури кои овозможуваат подобрување на бизнис процесот, интеграцијата и автоматизацијата.
  • [CM181] [6 ЕКТС] Е-бизнис
    Цели на предметот: Дигиталното деловно претпријатие, создавањето на нови деловни дизајни достигнато со замаглување на дигиталниот и физичкиот свет, се врти околу технологиите преку кои информациите се употребливи и мобилни. Овој предмет се фокусира на дигиталниот екосистем, интеракцијата помеѓу физичкиот и дигиталниот свет, за да ги истражи дигиталните трендови и иновации за бизнисите. Индустриските извештаи и дискусиите се фокусираат на изведување вредност од дигитални платформи за решавање деловни стратегии. Темите вклучуваат: рамки за моделирање на претпријатија, употреба на извештаи од индустријата за дигитална технологија при креирање деловна вредност, системски платформи и интерфејси на претпријатијата и рамка за управување на проектот Циклус на животот за развој на програми (ЦЖРП).
  • [CM182] [6 ЕКТС] Собирање, агрегирање и управување со податоци
    Цели на предметот: Постојаното зголемување на количината на податоци достапни како дел од секојдневните активности во бизнисот, науката, образованието, забавата итн., стана секојдневна грижа и речник. Покрај тоа, потребата за работа со голем обем на податоци, тековните апликации исто така се соочуваат со мулти-модални податоци, вклучувајќи неструктуирани и полуструктурирани податоци, податоци слики и видео, просторни и временски податоци итн. Сите тие податоци треба да се управуваат. Потребата за собирање, уредување, агрегирање и генерално управување е секојдневна грижа. Овој предмет опфаќа дел од животниот циклус на податоци, вклучувајќи собирање податоци, агрегирање и управување. Бидејќи поголемиот дел од податоците се зачувани во бази на податоци, исто така ќе се испитаат и различни инженерски приоди до базите на податоци со цел на подобра поддршка со управувањето со податоците, вклучувајќи собирање, агрегирање и одржување. Исто така, ќе се земат предвид стандардите за податоци, квалитетно складирање на податоци и предизвикот за „големите сетови на податоци“. Следната цел на предметот е разновидноста на системи и техника за складирање податоци.
  • [6 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [MCBI3031] Бизнис интелигенција и аналитика
    • [ECSIS-07] Анализа и дизајн на системи
    • [ECSSE-01] Управување со софтверски проект
    • [EM555] Складирање на податоци
    • [ECSWMS-07] Технологии “Cloud Computing“
    • [EM558] Големи системи (ERP, CRM)
    • [ECSSE-03] Инженерство на побарувања
    • [EM557] Основи на бизнис администрација

Семестар 4

  • [MCBI4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+