Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Компјутерски науки

Насока: Компјутерски науки
Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Код на програмата: CS-240
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Дипломиран инженер по компјутерски науки / Насокa: Компјутерски науки
ЕКТС: 240 (4 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Факултетот по Современи науки и технологии при УЈИЕ - Тетово е високообразовна установа чија основна задача е вршење високообразовна, научноистражувачка дејност од областа на компјутерските науки, компјутерското инженерство и бизнис-информатиката.
План-програмата за компјутерски науки е дизајнирана за да ги исполни барањата на локалниот пазар, но истовремено и да овозможи модерна иглобална перспектива.
Наставни цели на програмата:
- Да им овозможи на студентите да стекнат пошироки комуникациски, јазични и аналитички вештини.
- Да им овозможи на студентите да стекнат теоретски и практични знаења од областа на информациско-комуникациските технологии и да ги применува во реалниот живот и во својата професионална практика.
- Да  ги оспособува  студентите  да  се  вклучат  во  развој  и  имплементација на  различни решенија во областа на информациско-комуникациските технологии.
- Да ги оспособи студентите да работат на проекти, индивидуално или во група, кои по природа можат да бидат: научноистражувачки проекти, развојни проекти и практична работа.
- Да  им  овозможи  добра  основа  за  понатамошно  прилагодување  кон  новите  технолошки/пазарни промени и нивна примена.

По успешно завршување на програмата, дипломираните студенти имаат можност да се вработат во различни области во индустријата, и тоа: ИКТ-ориентирани компании, бизнис-сектор, јавна администрација и слично.
Со стекнатата диплома овие студенти ќе можат:
- Да ги користат компјутерскиот систем и информатичката технологија во секојдневието и пошироко.
- Ефективно да ги применуваат изучуваните методи и алгоритми.
- Да програмираат решенија за разни проблеми.
- Да организираат бази на податоци, да ги проектираат, да ги имплементираат и  понатаму да ги  одржуваат  и  да ги регулираат  перформансите.
- Да ги проектираат и да ги имплементираат компјутерските мрежи.
- Ефикасно да ја користат интернет-технологијата.

Знаење и разбирање

- Стекнување знаења и разбирање за теоретските и практичните аспекти во областа на компјутерските науки.
- Знаењето ги вклучува главните области како што се: математика за компјутерските науки, алгоритми, информатички технологии, мрежи, програмерски парадигми и нивна примена, бази на податоци, како и различни специјализирани предмети во избраните области од компјутерските науки.
- Знаење и разбирање на различни програмерски методологии при сценарија на практично решавање на проблемите  (објектно-ориентирано, функционално, процедурално програмирање итн.).
- Знаење и разбирање во спроведување на истражувања од мали размери и примена на проекти од областа на компјутерските науки. 

Примена на знаењето и разбирањето

- Способност да се применуваат / да се употребуваат компјутерските системи и информациските системи во вообичаените работните задачи на напредно ниво.
- Способност да се применуваат на самостоен и креативен начин стандардните методи и алгоритми при ефективно решавање проблеми, развој на апликации (десктоп, интернет или мобилен) со користење стандардни и напредни компјутерски алатки и средини.
- Способност да се развијат и да одржуваат софтвери, со користење различни развиени методологии, средини и практики.
- Способноста да се развијат, организираат и да се одржуваат  релациони бази на податоци.
- Способноста  за дизајн и имплементација на компјутерски мрежи почнувајќи од мали и средни размери на локални мрежи.
- Способност да се организираат информациските системи за да се решаваат различни социјални, економски и / или технолошки задачи.

Способност за проценка

- Способност да се соберат и да се анализираат податоци за предлагање софтверски решенија.
- Способност да се оценуваат платформи и развиени средини.
- Способност да се оценуваат различни информациски и софтверски решенија, како и да се развиваат други софтверски решенија.

Комуникациски вештини

- Способност за користење софтверски решенија и за поддршка на другите во областа на информациски системи со апропријација на нивото според публиката.
- Способност да се спроведуваат ефикасни проекти по информациски системи и способност да се презентираат со почитување на професионалните стандарди.
- Придонесување во организирањето на е-општеството преку учество на состаноци и одлучни тела на различни нивоа.
- Напредни вештини и искуство во групно работење.
- Способноста за писмено и за усно комуницирање во сите фази на креации во компјутерските науки  и предлози како што се: технички документации,  спецификации на условите, набавките,  на англиски јазик и уште најмалку на еден локален јазик на напредно ниво.

Вештини на учење

- Способност да се следат напредоците во областа на компјутерските науки, способност  брзо да се совладаат нови технологии, програмски јазици, алатки и рамки.
- Способноста да се применува вештините за учење во наставата и при обуките по информациски системи во училиштата или во организациите.
- Способноста да се применува вештините за учење во создавањето проекти и во управувањето со нив.

Семестар 1

  • [CCS-203] [6 ЕКТС] Програмирање
    Вовед во C++ програмирање: основни типови на податоци, аритметика, оператори, развој на C++ програма: влезно-излезни наредби, изборни структури, структури за повторување, видови функции, рекурзија-имплементација со C++, вектори, матрици и алгоритми за пребарување и сортирање, покажувачи (pointers), оператори со нив и нивна врска со вектори, креирање нов тип на податоци во C++ структури.
  • [CCS-101] [6 ЕКТС] Вовед во компјутерски науки
    Овој предмет презентира широк, интегриран вовед во фундаменталните концепти на компјутерски науки. Се обработуваат следниве теми: историја на пресметувањето; дигитална логика и дигитални системи; вовед во компјутерска архитектура, основни алгоритми, решавање проблеми и структури на податоци; вовед во програмски јазици, оперативни системи, системи на база на податоци, мрежи, веб и софтвер инженерство; апликации, вклучувајќи опис на функционалноста на соодветниот софтвер (word-процесори, база на податоци, browser-и и слично); обработка не само на традиционални податоци туку и на мултимедијални податоци.
  • [ACS-103] [6 ЕКТС] Линеарна алгебра
    Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за концептите и методите кои ја сочинуваат основата на линеарната алгебра. Линеарната алгебра всушност се јавува насекаде. Концептите на овој предмет се користат континуирано насекаде без да се именуваат. Интегралот е линеарен, изводот е линеарен итн. Поголемиот број примени на математиката во „реалниот“ свет доаѓаат во израз земајќи го само нивниот линеарен дел. Станува збор за многу значаен материјал што секогаш ќе биде важен за студентите од оваа насока. По завршувањето на овој предмет студентите ќе бидат во состојба да ги користат и да ги применат: линеарните еднаквости и нивното решавање; алгебрата на матриците; линеарните трансформации и како тие се користат за апликација; векторските простори; сопствените вредности и сопствените вектори на реалната матрица; детерминантите и ортогоналноста. Значајна цел е да ја поврзе линеарната алгебра со другите области со или без користење на математиката.
  • [3 ЕКТС] Aлбански/македонски јазик
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [EE-01] Англиски јазик основно ниво
    • [PIE-02] Англиски јазик пониско средно ниво
    • [IE-03] Англиски јазик средно ниво
    • [UIE-04] Англиски јазик повисоко средно ниво
    • [AE-05] Англиски јазик напредно ниво
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет (Јазик, Вештини или Култура)
    • [EFE-105] Германски јазик
    • [BSIL3010] Италијански јазик
    • [EF999] Француски јазик
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [CCS084] Меѓукултурна комуникација
    • [EWC-01] Креирање на веб страни
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [EITSOP-03] ИТ Вештини за канцеларискa продуктивност
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EITL-02] Право на информатичка технологија
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EATN-02] Админситративна терминологија и номотехника
    • [ESSD-01] Разој на социјални вештини
    • [EPA-605] Стратегии на пребарување на можности за кариера
    • [ESCHC-01] Избрани поглавја од компјутерство
    • [EBI-502] Веб Технологии
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [CBA112] Албански јазик за посебни намени
    • [EPEG-01] Граматика по англиски јазик во практика
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ELE065] Заштита на потрошувачите
    • [CLE-302] Трговско право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECS-01] Компјутерска безбедност
    • [ESML-02] Социјални медиуми и право
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [ELOD-03] Водство и организациски развој
    • [EFE-109] Комуникациски вештини
    • [ECTHD-01] Развој на критичко мислење
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми

Семестар 2

  • [CCS-102] [6 ЕКТС] Интернет технологии
    Главна цел на предметот е да им се даде на студентите практично знаење околу основните механизми, услуги и протоколи на глобалната мрежа Интернет. Да владее со XHTML, CSS и JavaScript. Да ја владеат целокупната архитектура на ефикасна, скалабилна и сигурна веб-страница. Студентите ќе стекнат солидни технички знаења околу XML, XHTML, CSS и JavaScript како што се листи, табели, слики, мултимедија и форми во XHTML, форматирање, стилови и layouts во CSS како и употреба на вариабли, услови, и функции во JavaScript.
  • [CCS-303] [6 ЕКТС] Објектно - ориентирано програмирање
    Предметот опфаќа вовед и претставување на концептот на објектно-ориентирано програмирање, вовед и претставување апстрактни типови податоци (структури и класи), претставување на објектно-ориентираните концепти како: енкапсулација, апстракција, наследување, виртуелни функции и полиморфизам, редефинирање на оператори, вовед во фајлови и претставување на специјалната класа string.
  • [ACS-204] [6 ЕКТС] Калкулус
    Студентите да се запознаат и целосно да ги совладаат поимите: функција (како посебно пресликување), начините на задавање на една функција, својствата на функцијата, непрекинатоста на основните функции. Да се оспособат за изнаоѓање гранична вредност на функцијата (лимес), изводи, решавање проблеми во врска со одредување на монотоноста и наоѓање на максималната и минималната вредност на реалните функции, сè со цел на крај да бидат оспособени да нацртаат граф на една функција од која може да се прочитаат сите особини и карактеристики на функциите. Целта е и студентите да се запознаат со поимот интеграл и да го применат во различни практични проблеми.
  • [3 ЕКТС] Албански/македонски јазик
    • [BS018] Македонски јазик за почетници 1
    • [BS152] Македонски јазик за почетници 2
    • [MLIL-01] Македонски јазик средно ниво 1
    • [MLIL-02] Македонски јазик средно ниво 2
    • [MAPP1010] Македонски јазик за професионални цели 1
    • [MAPP1020] Македонски јазик за професионални цели 2
    • [BAM1010] Албански јазик за почетници 1
    • [BAM2010] Албански јазик за почетници 2
  • [3 ЕКТС] Англиски јазик
    • [EE-01] Англиски јазик основно ниво
    • [PIE-02] Англиски јазик пониско средно ниво
    • [IE-03] Англиски јазик средно ниво
    • [UIE-04] Англиски јазик повисоко средно ниво
    • [AE-05] Англиски јазик напредно ниво
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет (Јазик, Вештини или Култура)
    • [EFE-105] Германски јазик
    • [BSIL3010] Италијански јазик
    • [EF999] Француски јазик
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [CCS084] Меѓукултурна комуникација
    • [EWC-01] Креирање на веб страни
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [EITSOP-03] ИТ Вештини за канцеларискa продуктивност
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EITL-02] Право на информатичка технологија
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EATN-02] Админситративна терминологија и номотехника
    • [ESSD-01] Разој на социјални вештини
    • [EPA-605] Стратегии на пребарување на можности за кариера
    • [ESCHC-01] Избрани поглавја од компјутерство
    • [EBI-502] Веб Технологии
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [CBA112] Албански јазик за посебни намени
    • [EPEG-01] Граматика по англиски јазик во практика
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ELE065] Заштита на потрошувачите
    • [CLE-302] Трговско право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECS-01] Компјутерска безбедност
    • [ESML-02] Социјални медиуми и право
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [ELOD-03] Водство и организациски развој
    • [EFE-109] Комуникациски вештини
    • [ECTHD-01] Развој на критичко мислење
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми

Семестар 3

  • [CCS-202] [6 ЕКТС] Компјутерска архитектура
    Студентите треба да ја разберат компјутерската архитектура за да можат да структурираат програма која ќе биде извршувана поефикасно на реална машина. Во одбирањето одреден систем за употреба, тие треба да разбираат кои се импликациите во однос ЦПУ vs. големина на меморија. Вклучени се следниве теми: основно логично дизајнирање, системи за чување податоци (мемории), структури на процесори, форматот на инструкции, форми на адресирање, хардвер и микропрограмско имплементирање; компјутерска архитметика, операции со целосни и реални броеви; карактеристики на И/О и нивни контролери; структури на интерпутс; структура на виртуелна меморија, кеш-меморија; проверка на архитектури како микрокомпјутери, вектор и арај-процесори.
  • [CBI-203] [6 ЕКТС] Дискретни структури
    Целта на овој предмет е студентите да ги стекнат потребните математички знаења кои имаат директна примена во областа на бизнис-информатиката. Дел од концептите предвидени во овој предмет веќе се познати за студентите, но тука целта е да ги формализираат тие концепти на уште повисоко ниво што ќе им овозможи да го збогатат својот дијапазон на идеи и да ги применат решавајќи различни практични проблеми.
  • [CCS-301] [6 ЕКТС] Алгоритми и структури на податоци
    Предметот опфаќа претставување на концептот на ефикасен алгоритам, методологијата на наоѓање ефикасно решение на проблемите, вовед во структури на податоци и нивната имплементација преку низи и динамични поврзани листи (листа, склад и ред, дрво и бинарно дрво (на пребарување), хаш-табели и други), дискутирање за предностите и недостатоците за различните репрезентации на структурите на податоци, имплементација на основните операции со елементите од структурите на податоци, како и селектирање и оценување на ефикасни алгоритми за сортирање листа од елементи.
  • [6 ЕКТС] Англиски јазик за специфични цели
    • [EIT-01] Англиски јазик за информатичка технологија 1
    • [EIT-02] Англиски јазик за информатичка технологија 2
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет (Јазик, Вештини или Култура)
    • [EFE-105] Германски јазик
    • [BSIL3010] Италијански јазик
    • [EF999] Француски јазик
    • [EFE-132] Човекови права и слободи
    • [EARTL-01] Потпомогната репродуктивна технологија и право
    • [CCS084] Меѓукултурна комуникација
    • [EWC-01] Креирање на веб страни
    • [EDMD-02] Дизајн на дигитални медиуми
    • [EITSOP-03] ИТ Вештини за канцеларискa продуктивност
    • [EMOA-01] Microsoft Office Access
    • [EMOE-02] Microsoft Office Excel
    • [EMOPP-03] Microsoft Office PowerPoint
    • [EMOW-04] Microsoft Office Word
    • [CLE-203] Правно пишување и образложување
    • [EITL-02] Право на информатичка технологија
    • [EFE-121] Професионален рзавој на кариерата
    • [EATN-02] Админситративна терминологија и номотехника
    • [ESSD-01] Разој на социјални вештини
    • [EPA-605] Стратегии на пребарување на можности за кариера
    • [ESCHC-01] Избрани поглавја од компјутерство
    • [EBI-502] Веб Технологии
    • [EFE-102] Академско пишување на англиски јазик
    • [EFE-104] Академско пишување на албански јазик
    • [EFE-103] Академско пишување на македонски јазик
    • [CBA112] Албански јазик за посебни намени
    • [EPEG-01] Граматика по англиски јазик во практика
    • [ECE-02] Разговорен англиски јазик
    • [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
    • [ELE065] Заштита на потрошувачите
    • [CLE-302] Трговско право
    • [ELE-408] Семејно насилство
    • [ECS-01] Компјутерска безбедност
    • [ESML-02] Социјални медиуми и право
    • [EBEM-503] Деловно комуницирање
    • [ELOD-03] Водство и организациски развој
    • [EFE-109] Комуникациски вештини
    • [ECTHD-01] Развој на критичко мислење
    • [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми

Семестар 4

  • [CCS-401] [6 ЕКТС] Оперативни системи
    Во рамките на овој предмет се проучуваат поважните проблеми во оперативните системи. Оперативниот систем е посредник меѓу корисничките програми и хардверот на компјутерот (или мобилните уреди) на кои тие работат. Затоа одговорноста на оперативниот систем е управување и споделување на компјутерските ресурси. Овој предмет ќе започне со краток вовед за главните концепти на оперативните системи и продолжува со евалуација на овие концепти и детална анализа. Деталната анализа на главните компоненти на повеќето оперативни системи ќе се дискутира. Дискусијата ќе ги опфати процесите и темите, спорните точки, управувањето со меморијата, влезно / излезни, датотечни системи и безбедноста. Следниот дел на предметот се занимава со презентација на клучните концепти на дистрибуирани, мултимедија и смарт картичка оперативни системи. На крајот ќе бидат претставени концептите на мобилните оперативни системи, анализирани и евалуирани. Сето ова ќе биде придружено од анализа на студии на случај на одредени оперативни системи од секоја категорија.
  • [CCS-403] [6 ЕКТС] Бази на податоци
    Концептуално дизајнирање, внатрешна и надворешна шема. Нивоа на зависност, top-down и bottom up дизајнирање. Управувачки системи со бази на податоци - архитектури. Модели на бази на податоци и јазици за контролирање. Релациони модели, јазици за пребарување, релационална алгебра, релационен калкулус, ограничувања и интегритет. Проектирање бази на податоци. Форми за нормализација, трансформација на ЕР модел во релационален модел. Јазици за пребарување (SQL). Aнализа и оптимизација на прашалници. Индекси, менаџирање со трансакции, контрола на конкурентноста и поправка. Веб и графични интерфејси за бази на податоци. Управувачки системи со бази на податоци: SQL Server, ORACLE, MySQL и други.
  • [CCS-402] [6 ЕКТС] Применета веројатност и статистика
    Целта на овој предмет е да им овозможи на студентите да ги стекнат потребните знаења од предметот веројатност и статистика што имаат директна примена во областа на компјутерските науки. Целта е да се совлада како се прави обработката на статистичките податоци, нивните законитости, нивното преставување, законитостите на донесување соодветни заклучоци врз основа на обработените податоци и др.,да се научат основните принципи на веројатноста и како тие принципи можат да се применат во различни области од секојдневниот живот посебно во областа на компјутерските науки.
  • [EACS-05] [6 ЕКТС] Формални јазици и аутомати
    Предметната програма има за цел да ги воведе студентите во теоријата на пресметувачките модели и пресметливоста преку изучување на формалните јазици и конечните автомати.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет (Стручен)
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-401] Напредно програмирање во .NET
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско логично дизајнирање и симулација
    • [EPL2030] Компајлери

Семестар 5

  • [CCS-502] [6 ЕКТС] Софтверско инженерство
    Софтверско инженерство претставува дисциплина која се занимава со применување на инженерски методи, техники и мерења применети во практиката за ефективен развој на софтверски системи кои се во рамките на дадените барања и спецификации. Следните теми се опфатени: алатки и техники употребени во развој на софтвери, life cycles на софтверот, употреба на програмски техники при пишување големи програми, формални методи за верификација на програми, техники и софтверски алатки за тестирање, одржување и за документација на програми.
  • [CCS-503] [6 ЕКТС] Компјутерски мрежи
    Предметот е вовед во концептите и принципите на компјутерските мрежи. Се разгледуваат различните мрежни компоненти и нивното меѓусебно вклопување. Се обезбедува детален поглед на мрежните архитектури и нивниот дизајн. Посебно се нагласени дизајнот и имплементацијата на податочниот слој и МАС под слојот. Се илустрираат концептите на битните мрежни архитектури и протоколи во мрежите Internet и Ethernet. Детално се проучуваат локалните мрежи. Последниот дел од предметот ги обработува меѓумрежното поврзување, компјутерските елементи и виртуелните локални мрежи.
  • [CCS-501] [6 ЕКТС] Веб програмирање
    Дизајнирање и конструкција на апликации за веб-околината. Теми поврзани со програмирање веб-сервери. Програмирање на страна на клиентот или апликации на веб-сервери. Преглед на концептите на релационата база на податоци, дизајнирање податоци, јазиците што се користат на серверите и на клиентите, трансакциските маневрирања, интеграција на податоците во веб-апликациите.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет (Стручен)
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-401] Напредно програмирање во .NET
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско логично дизајнирање и симулација
    • [EPL2030] Компајлери
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет (Стручен)
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-401] Напредно програмирање во .NET
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско логично дизајнирање и симулација
    • [EPL2030] Компајлери

Семестар 6

  • [CCS-602] [6 ЕКТС] Дистрибуирани системи
    Предметот е вовед во основните концепти на дистрибуирани системи. Се разгледуваат архитектурите на дистрибуираните системи како и предностите и недостатоците на дистрибуираните системи во споредба со традиционалните централизирани системи. Се проучуваат концептите на меѓупроцесни комуникации и интернет-протоколи за комуникација. Се илустрираат основите на клиент - сервер програмирање, мiddleware платформи (CORBA, JavaBeans, DCOM, .NET), Web-технологија и Web-услуги и технологии кај дистрибуираните компјутерски системи. Во рамките на последниот дел од предметот се обработуваат трансакциите и дистрибуираните трансакции. Студентите ги совладуваат стандардните апликативни решенија за дистрибуираните компјутерски системи.
  • [ECS4060] [6 ЕКТС] Интеракција човек - компјутер
    Овој предмет има за цел да им обезбеди на студентите знаења околу теоријата и практиките на развивање софтвер кои се поврзани со комуникацијата помеѓу луѓето и компјутерите, а со цел креирање употребливи апликации. Предметот се осврнува на психомоторните аспекти кои делуваат врз начинот на кој луѓето комуницираат со апликациите. Преку конкретни примери на кориснички интерфејс, студентите се очекува да ги разберат принципите и да бидат способни да ги применуваат при дизајнирање конкретни апликации.
  • [ECS-604] [6 ЕКТС] Податочно рударство
    Во рамките на овој предмет се опфатени основните концепти и технологии во областа на рударство на податоци, терминологијата, техниките и алгоритмите за пребарување големи количини на податоци за пронаоѓање скриени, но важни и разбирливи знаења. Темите опфатени во овој предмет вклучуваат: - Препроцесирање на податоци (Data preprocessing); - Податочни складирања и ОЛАП-технологии за податочно рударство (Data warehousing and OLAP technology for data mining); - Класификација и предвидувања (Classification and prediction); - Генерирање асоцијативни правила во големи бази на податоци (Mining association rules in large databases); - Кластерирање и анализа на кластери (Clustering analysis); - Анализа на пооддалечени податоци (Outlier analysis); - Апликации по рударство на податоци и трендови (Data mining applications and trends in data mining).
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет (Стручен)
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-401] Напредно програмирање во .NET
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско логично дизајнирање и симулација
    • [EPL2030] Компајлери
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет (Стручен)
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-401] Напредно програмирање во .NET
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско логично дизајнирање и симулација
    • [EPL2030] Компајлери

Семестар 7

  • [CCS-601] [6 ЕКТС] Компјутерска графика
    Овој предмет претставува вовед во теоријата на компјутерската графика и линеарна алгебра и во употребата на OpenGL API-то. Пожелни се предзнаења од програмските јазици C / C + +, кои ќе им бидат потребни на студентите за завршување на практичните задачи. Се препорачува и предзнаења со основните концепти од геометрија и тригонометрија, како и некои основни познавања од линеарна алгебра, вектори и матрици. Ќе бидат обработени и теми од компјутерската графика како што се: трансформации и матрици, основни знаења околу viewport-от, viewing plane-от и framebuffer-от, концепти за anti-aliasing, мапирање текстура, употреба на камери и светла како и други техники и алгоритми за реализација на горенаведените концепти.
  • [CCS-701] [6 ЕКТС] Менаџирање проекти
    Овој предмет претставува вовед во областа на управување со софтверски проекти, презентирање техники и пристапи за да се развие критичка свест за предизвиците и недостатоците во оваа област. Модулот се базира на познавање на софтверското инженерство и на други предмети од областа на информационите системи.
  • [CCS-802] [6 ЕКТС] Логично и функционално програмирање
    Целта на овој предмет е да се даде вовед во парадигмата на логичкото програмирање преку Пролог-јазикот. Предметот е фокусиран врз синтаксата и семантиката на Пролог, работата на Пролог-преведувачот како и на различните апликации на Пролог, а посебно примената во пребарувањето бази на податоци, парсирањето, мета-програмирањето, како и и решавањето проблеми од областа на вештачката интелигенција (AI).
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет (Стручен)
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-401] Напредно програмирање во .NET
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско логично дизајнирање и симулација
    • [EPL2030] Компајлери
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет (Стручен)
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-401] Напредно програмирање во .NET
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско логично дизајнирање и симулација
    • [EPL2030] Компајлери

Семестар 8

  • [CCS-804] [6 ЕКТС] Сигурност на информации
    Преку овој предмет се претставуваат принципите на компјутерска безбедност од применета гледна точка и се обезбедува искуство со безбедносни закани и контрамерки. Предметот дополнително ги опфаќа принципите и вештините кои се корисни за донесување одлуки на безбедноста и за разбирање на безбедноста во интеракција со светот околу неа. Применетите теми вклучуваат криптографија, овластување за контрола, оперативни системи за безбедност, веб и мрежна безбедност. Други теми ги вклучуваат општите принципи за безбедност, човечките фактори како довербата и социјалниот инженеринг, безбедноста на комплексните системи и на економијата на безбедност. Предметот има за цел да се балансира теоријата и практиката.
  • [CCS-805] [6 ЕКТС] Тестирање на софтвер и анализа
    Софтверот игра важна улога во нашите секојдневни активности, честопати обезбедувајќи критични услуги на крајните корисници. Важно е да се осигураме дека овие системи функционираат според намената, со висок степен на квалитет. Тестирањето софтвер и анализата на програми се две техники кои се користат за да се обезбеди квалитетот на софтверот. Овие техники се користат од развивачите за да се потврди, провери и да се евалуира квалитетот на софтверот произведен во текот на процесот на софтверското инженерство. Целта на овој предмет е студентите да ги совладаат техниките кои се користат во тестирањето софтвер и анализата на програми. Студентите ќе стекнат разбирање на концепти и теории кои придонесуваат за овие техники. Студентите ќе научат да ги користат постојните популарни алатки кои го поддржуваат задачите на испитување и анализа и ќе бидат изложени на нови истражувања во оваа област.
  • [CCS-806] [6 ЕКТС] Сервисно-ориентирани архитектури
    Целта на овој предмет е да воспостави продлабочена студија на архитектурите ориентирани кон услугите (SOA) од три главни перспективи: бизнис, архитектонска и технолошка перспектива. Од бизнис-перспектива, адаптација на SOA е од суштинско значење за воспоставување агилност во бизнисот, па затоа важноста на SOA во индустријата ќе биде објаснета. Од архитектонската перспектива, студентите ќе учат различни архитектонски модели на развој на софтвер, со фокус на SOA-дизајн и дизајн на обрасци. Од перспектива на технологијата, на студентите ќе им се нуди можност да го стекнат потребното искуство кое се бара за да се имплементираат и да се распоредуваат различни SOA-решенија кои ќе ги задоволат функционалните и нефункционалните барања.
  • [CCS-603] [6 ЕКТС] Дипломска работа
    Во овој предмет студентите ќе работат на комплетирање на применет или теориски проект. Целта на предметот е да им овозможи на студентите да го интегрираат знаењето стекнато од предметите на целокупната наставна програма, со цел да се испорача "производ", како што е софтвер или теза. Студентите ќе имаат можност да стекнат искуство во дизајнирање, програмирање и оценување на пројект од областа на компјутерско инженерство. На крајот, студентите ја документираат својата работа во форма на пишани извештаи и усни презентации, кои ги оценува комсијата на факултетот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет (Стручен)
    • [CISM2021] Вовед во информациски системи
    • [ECS-401] Напредно програмирање во .NET
    • [ECS-601] Програмирање во Java
    • [ECS-405] Дигитално логично дизајнирање
    • [EAIT-403] Мултимедијални системи
    • [ECS6020] Вовед во криптографија
    • [ECS-507] Нумерички пресметки
    • [ECS-506] Програмирање мобилни уреди
    • [ECS-403] Програмирање игри
    • [ECS-609] Вовед во вештачка интелигенција
    • [ECS-502] Вовед во паралелно процесирање
    • [ECS-500] Е-трговија
    • [ECCE-603] Управување со компјутерски мрежи
    • [EACS-03] NoSQL бази на податоци
    • [ECS-701] Мобилни и безжични мрежи
    • [ECS-702] Компјутерска етика
    • [ECS-501] Вовед во семантички веб
    • [ECS-703] Бизнис-аналитика
    • [ECS3036] Паралелно програмирање
    • [ECS3060] Професионална ИТ-етика
    • [ECS-404] Компјутерско логично дизајнирање и симулација
    • [EPL2030] Компајлери
Google+