Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Англиски јазик и литература

Насока: Англиски јазик
Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Јазици, култури и комуникација
Код на програмата: N-PhDENELL180C
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Доктор по филолошки науки - Насока: Англиски јазик;
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Катедрата за англиски јазик и литература е најголемиот јазичен оддел на Универзитетот нa ЈИЕ со 14 вработени со полно работно време и постои од основањето на Универзитетот нa ЈИЕ во 2001. Катедрата функсионира како дел на Факултетот за јазици, култури и комуникации. Катедрата за англиски јазик нуди додипломски студии (БА) за англиски јазик и литература во тригодишна програма која го следи европскиот модел на 180 ECTS. Одделот нуди и последипломски студии по подучување на англиски јазик во вториот циклус кој може да биде  завршен во рок од 2 академски години. Покрај тоа, од 2012/2013 англиската Катедра ќе нуди и докторска програма. По завршување на оваа програма студентите ја стекнуваат титулата доктор на филолошки Ннуки во областа на англиските студии. Оваа програма е фокусирана, пред сѐ на лингвистика. Со тим од локални професори и професори на кои англискиот им е мајчин јазик кои се најдобро кваликувани да предаваат со користење на најсовремените методи, нашата катедра е мошне почитувана во регионов и го нуди најдоброто од современата јазичка настава. Квалитетот на нашите јазични одделенија во рамките на Факултетот за јазици, култури и комуникации се рефлектира во ставањето на Универзитетот нa ЈИЕ на второт место во националното рангирање на Македонија.

Докторската програма следи еден иновативен дизајн кој поддржува оригинално истражување заедно со изборните предмети поврзани со предметот кои ќе го предлабочат постојното знаење на студентите во оваа област. Сите предавачи вклучени во докторската програма се искусни истражувачи со докажани публикации од областа на англиската книжевност, лингвистика и подучување на англискиот јазик. Програмата им овозможува на студентите да следат една структурирана патека на академскиот развој со можности да ги презентираат резултатите од истражувањето и да ги објавуваат научните трудови во параметрите на програмата. Студентите ќе имаат корист од можностите за интеракција со врсниците и колегите при што идеите можат да бидат тестирани и развиени. На овој начин, вклученоста во докторските студии за англиски може да биде вреднувано и како искуствен предизвик.
 

Успешните студенти на докторската програма по англиски може да очекуваат да имаат широк спектар на наставни можности кои им се достапни во третиот степен на средно ниво (средно училиште). Всушност, само носителите на квалификацијата доктор на науки ќе бидат во можност да предаваат на ниво на универзитет во секторот на високото образование после 2015. Меѓутоа, опциите за кариера не се ограничени на академски професии и успешните студенти можат да изберат да влезат во голем број други области, вклучувајќи: државна администрација, дипломатска служба, работење за невладини организации во сферата на културната политика и културното посредување исто така и во работа како преведувачи и толкувачи; или во областа на медиумите и во издавачките куќи; или во меѓународните корпорации или туризам.

Знаење и разбирање

- Покажува систематско разбирање на избраното поле на истражување и перфектно знаење на методите и вештините на истражување.
- Демонстира специјалистичко знаење на применетата лингвистика, англиската книжевност, култура и цивилизација на земјите што зборуваат англиски.
- Има професионално знаење и разбирање на главните трендови на методологијата на учењето на нглискиот јазик на второто и третото ниво.
- Стекнува академски капацитет за независно академско истражување.

Примена на знаењето и разбирањето

- Покажува способност да толкува, да дизајнира, да примени и да прилагодува неопходен предмет на истражување со научен интегритет.
- Придонесува со оригинални истражувања кои ги пречекоруваат постојните граници на знаење, развива ново знаење, оценувано на национални и интернационални настани.
- Употребува академски англиски во пишувањето и во зборувањето на научен начин со намера да пренесува нови идеи и пронајдоци.

Способност за проценка

- Покажува способност за критична анализа, за евалуација и за синтеза на нови комплексни идеи.
- Покажува способност за независно да иницира и да партиципира на национални и интернационални истражувачки мрежи и случувања.
- Покажува способност независно да иницира истражување и проекти на развој со кои новото знаење ќе придонесува на истражувачкото поле.
- Може да направи комплексни методолошки процени во дизајнирање на истражување и анализа во сферата на студиите на англиски јазик и литература.

Комуникациски вештини

- Може да комуницира со своите колеги/ колешки, со пошироката академска заедница и целото општество за избраната сфера на експертиза.
- Покажува комуникациска компетенција во училницата во врска со менаџирањето на училницата во второ и трето ниво.
- Покажува способност да одржува јасност на англискиот јазик во дискутирање на комплексни идеи на пишувана и вербална форма.

Вештини на учење

- Да биде способен да се промовира во еден академски професионален систем.
- Во состојба е да го унапредува своето истражување со технолошката, социјалната или културната рамка на општеството базирано на знаење.
- Независно може да го истражува кој и да било предмет поврзан со неговото/ нејзиното поле употребувајќи учење и истражувачки способности.

Семестар 1

  • [DLCC0101] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научна работа, кои на студентите им создаваат многу тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат во тоа како треба де се однесуваат во библиотека, како да напишат писмена работа, реферати, семинарска работа или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
  • [DLCC0102] [10 ЕКТС] Клучните прашања во подучувањето на јазикот и литературата
    Целта на овој предмет е да се запознаат докторантите со некои најважни теми на применета лингвистика. Во негови рамки се комуникативната функција на јазикот во сите сфери на општествената практика, од аспект на употребувањето на нејзините резултати добиени во практиката. Во класичните задачи на применетата лингвистика спаѓа изучувањето на јазикот, контрастивна лингвистика – тоа значи споредба на јазиците германско-албански и германско-македонски, меѓукултурна комуникација, превод и толкување, стручниот јазик и терминологијата. Според тоа применетата лингвистика се однесува на стручната и општата комуникација во институциите и во медиумите итн. Покрај тоа ќе се третираат и некои теми од областа на германската литература.
  • [DLCC0103] [10 ЕКТС] Пишување на докторската дисертација
    Преку овој предмет студентите се оспособуваат да извршуваат самостојно научно истражување, односно да го пишуваат докторскиот труд. Преку предметот студентите ќе ги стекнат потребното знаење, способност и доверба за успешно истражување. Поради тоа, има повеќе соработка и дискусии отколку кај предметите кои се базирани на предавање. Од студентите се очекува да учествуваат активно во дискутиите.

Семестар 2

  • [DLCC0104] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDLCC0103] Социолингвистика и јазикот на образованието
    • [EDELL0101] Напредна академска композиција
    • [EDLCC0104] Изучување на странските јазици
    • [EDLCC0101] Мултикултурализам
    • [EDLCC0102] Меѓународна комуникација
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDLCC0103] Социолингвистика и јазикот на образованието
    • [EDELL0101] Напредна академска композиција
    • [EDLCC0104] Изучување на странските јазици
    • [EDLCC0101] Мултикултурализам
    • [EDLCC0102] Меѓународна комуникација

Семестар 3/4

  • [PHD-S3-S4-03] [20 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
  • [PHD-S3-S4-01] [40 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет.

Семестар 5

  • [DLCC0105] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето ќе ги презентира јавно.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [ELL-PHD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот совет и се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+