Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Компјутерски науки

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Современи науки и технологии
Код на програмата: N-PhDCST180C
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Доктор по компјутерски науки
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Третиот циклус на докторски студии по Компјутерски науки при Факултетот за современи науки и технологии  ги поддржува традиционалните ИТ-технологии со нагласок на бизнис ориентацијата кон индустријата. Оваа експертиза е уникатна и е од голема важност за пазарот на трудот и клиентите кои сакаат да ги интегрираат своите е-системи во традиционалните ИТ-инфраструктури.  Програмата претставува продолжение на едукацијата на кадрите, кои ги завршиле додипломските и последипломските студии. Програмата ќе овозможи повисок степен на усовршување во научните, истражувачките и професионалните области и во нивните самостојни истражувачки дејности, како и во академската и професионалната кариера. Со овој процес на студирање студентите ќе стекнат академски, интелектуални и технички компетенции и вештини за комуникации преку различни форми за подготвување за научноистражувачка работа. Брзите промени во општеството наметнуваат и бараат нов пристап кон подготвување на новите генерации со научни звања за потребите на општеството, кои се засновани врз знаења, а се наменети за глобалниот пазар на трудот во областа на Компјутерски науки.

Програмата предвидува продолжување на образованието на кадри, кои имаат завршено додипломски и постдипломски студии. Програмата ќе им овозможи највисоко ниво на научноистражувачката подготовка во професионална област и сопствени истражувачки активности, како и во професионална и академска кариера. Во овој процес на студирање, студентите ќе стекнат надлежностите и академски, интелектуални и технички комуникациски вештини преку разни форми и ќе бидат подготвени за научноистражувачка работа. Брзите промени во општеството наметнуваат и бара нови пристапи за подготовка на нови генерации на научни сознанија за потребите на општество базирано на знаење и се посветени на глобалниот пазар на трудот во областа на Компјутерски науки.

Знаење и разбирање

- Поседување на знаење и разбирање од областите информациска технологија и информациони архитектури, мрежно општество и интернет-култури, интернет и веб-технологии сразмерно проширено во однос на студиите од втор циклус.
- Способност за развој и примена на оригинални и креативни идеи во околини во кои се преклопуваат или се заемно поврзани областите на е-технологиите.
- Способност за примена на интердисциплинарно знаење и демонстрација на специјалистички компетенции од компјутерски науки.  

Примена на знаењето и разбирањето

- Способност за критично, независно и креативно решавање проблеми во нови, дотогаш не сретнати контексти или околини за кои се нема претходно искуство во мултидисциплинарен контекст на реална организациска околина.
- Планирање, водење и евалвација на независни истражувања во областа на е-технологиите, имплементирајќи соодветни пресметувачки алатки, околини и технологии.
- Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од е-технолошките процеси и соодвет
но користење компјутерски алатки и околина базирани на дефинирани техни
и за истражување и испитување.  

Способност за проценка

- Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области поврзани со медија-процесите и со користење компјутерски алатки и техники.
- Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со процесите специфични за е-технологиите, за идентификација на соодвети специјализирани инстанци во областа на Интернетот и информатиката и за донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.  

Комуникациски вештини

- Способност за јасно и недвосмислено донесување заклучоци, резултати, студии и знаење на специјалисти од е-технологиите и информатичките области со способност за прилагодување на стилот и формата на изразување за неспецијалисти.
- Компетентност за критични, независни и креативно аргументирани истражувања, евалвација на методологии и предлагање и бранење нови хипотези.
- Способност за иницирање, водење и за преземање одговорност за индивидуи и групи во случаи во кои комнукациските, организациските и информатичките компетенции се од суштинска важност.

Вештини на учење

- Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и автономно дообразование и негово изведување самостојно и автономно во вообичаените бизнис и информатички области.
- Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани и нови е-технологии.

Семестар 1

  • [DET0101] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Цели на предметната програма: -Да ги разберат напредните научноистражувачки дебати кои се однесуваат на предметот на избраната област, особено во однос на развојот на клучните концепти, епистемолошките аспекти на истражување. -Да прибираат истражувачки материјал, релевантен материјал кој ќе го користат во своите научни и публикациски активности. -Да го разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност, со напредни техники, да ги употребуваат во научната и професионалната дејност. -Да го проучуваат со напреден пристап односот помеѓу теоријата и истражувачката практика. -Да применат вештини и знаење кои ги стекнале во своите докторски тези.
  • [DET0106] [10 ЕКТС] Напредни теми од областа на облак процесирање
    Преку предметот се дава продлабочено разбирање на структурата на мрежни/ облак-системи и мрежни/облак-пресметувања (процесирања). Прикажани се различните компоненти на мрежни/облак-системи и начините како тие компоненти се вклучени за заедничка работа. Целта на предметот е да се прикажат современите погледи на овие системи кои го одразуваат прогресот во оваа област и известуваат за стварните искуства, да се прикажат и да се објаснат денешните достапните технологии и технологиите кои се појавуваат од лабораториите, компаниите и органите за стандарди. • Како шаблон (мостра) за дизајн, предметот е наменет за софтверски инженери, менаџери на компјутерски центри, менаџери на технолошки програми, главни информациски раководители (CIO), како и за други професионалци кои се занимаваат со развојот и инсталирањето мрежни/облак-системи. Овие шаблони се наменети да опишат: како изгледаат, како да се конструираат и како да работат (оперираат) мрежните/облак-системи. • Како корисничко упатство, предметот е наменет за научници, инженери и програмери кои ќе развиваат апликации за мрежни/облак-системи. За овие корисници, преку предметот се дава објаснување како треба да изгледаат апликациите, како да се развиваат и какви нови начини на размислување и програмирање се потребни за нивна имплементација. • Како истражувачка агенда, предметот е наменет за студенти, истражувачи и за раководители на истражувања кои сакаат да ја осознаат тековната состојба во релевантните дисциплини и да ги осознаат областите каде што пропустите во нивното знаење кои бараат понатамошно истражување.
  • [DET0103] [10 ЕКТС] Напредни теми од информациски системи
    Цели на предметната програма: Изучување на напредни концепти од областа на концепти и терминологијата на информациони системи - Напредни информациски системи и концепти: хардвер, софтвер, мрежи - Е-World: напредни решенија за е-бизнис и е-трговија - Развојни процеси Да научат повеќе за напредните информациони системи и технологии кои ги подобруваат бизнис-вредноститите и разните бизнис-процеси во организациите. Да ги применат е-концептите со различни управувачки дисциплини, при процес на анализа, интерпретација, процена и одлука. Да го разберат процесот на редизајнирање на организации со користење на информациските системи. Да ја опишат улогата на информациските системи во донесувањето одлуки. Да ја испитат безбедноста на информациите, како и етички и социјалните прашања. Да се запознаат со Интернетот, електронската трговија и е-бизнисот. Да се оспособат да работат на проекти, индивидуални или групни, кои по природа можаат да бидат: студии на случај, научноистражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.

Семестар 2

  • [DET0104] [10 ЕКТС] Напредни теми од информатичко комуникациски технологии
    Целта на предметот е да овозможи во прв ред запознавање со новите светски трендови во развојот на енегетиката (производство, пренос и дистрибуција). Посебен осврт ќе се даде на следниве прашања: Технологии и концепти кои се во согласност со политиката на Европската унија за енергетски системи. Енергетски системи со поголема ефикасност, намален импакт во климатските промени, користење алтернативни извори на енергија и вклучување на потрошувачите во менаџирањето. Квалитет на енергија (Power Quality –PQ). Одржлив развој на енергетски системи. Воведување нови концепции како што се microgrid, smartgrid, inteligent grid, inteligent energy итн. Осврт кон smart metering и новите можности за мерење на физичките величини. Виртуална инструментација и нови методологии за мерења. Нови комуникациски можности во енергетиката. Користење напредни техннологии (IC) за менаџирање (monitoring & control) на современи енергетски ресурси. Концепти, критериуми и ризици во менаџирањето на енергетските системи преку ICT. Меѓународни стандарди за енергетски системи и комуникациски мрежи. По завршување на предметот студентите ќе бидат запознаени со: - светските трендови во развојот на енергетските системи и мрежи, - политиката на Европската унија за ICT во енергетските системи, - виртуална инструментација и нови методологии за мерења, - напредни техннологии (IC) за менаџирање на енергетски ресурси, - меѓународни стандарди за енергетски системи и комуникациски мрежи.
  • [10 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [EET0101] Напредни теми од софтверско инженерство
    • [EET0102] Напредни теми од применета статистика за обработка на податоци
    • [EET0103] Напредни теми од XML и семантичен веб
    • [EET0104] Напредни теми од веб архитектури
    • [EET0105] Напредни теми од компјутерски архитектури
    • [EET0106] Напредни теми од анализа и дизајн на алгоритми
    • [EET0112] Напредни теми од сигурноста во информациска технологија
    • [EET0113] Напредни теми од избрани области од податочно рударство
    • [EET0114] Напредни теми од областа на применети информатички и комуникациски технологии во други области
    • [EET0115] Напредна аналитика на големи податоци (Big Data)
  • [10 ЕКТС] Изборен стручен предмет
    • [EET0101] Напредни теми од софтверско инженерство
    • [EET0102] Напредни теми од применета статистика за обработка на податоци
    • [EET0103] Напредни теми од XML и семантичен веб
    • [EET0104] Напредни теми од веб архитектури
    • [EET0105] Напредни теми од компјутерски архитектури
    • [EET0106] Напредни теми од анализа и дизајн на алгоритми
    • [EET0112] Напредни теми од сигурноста во информациска технологија
    • [EET0113] Напредни теми од избрани области од податочно рударство
    • [EET0114] Напредни теми од областа на применети информатички и комуникациски технологии во други области
    • [EET0115] Напредна аналитика на големи податоци (Big Data)

Семестар 3/4

  • [DET0105] [20 ЕКТС] Подготвување и поднесување на пријавата за темата за докторската дисертација - истражување
    По вториот семестар студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат: одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање на методологијата за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација. По потреба може да се организираат и изборни предмети за оваа цел.
  • [DET0106-S3] [10 ЕКТС] Докторски семинар со презентација на извештај I
    Кандидатите ќе достават список на сите семинари, кои се релевантни за областа и/или нивните истражувачки интерес кади и да било во светот, на приложените пропишани образци до нивните супервизори за потврда. Овие семинари треба да биде истражувачки по природа. Во извештајот напишани од студентите е наведено со свои зборови за секој семинар каде што присуствувале. Во извештајот се резимираат клучните точки и се предвидува критична процена на студентот. Од студентот се бара да иницира дискусија со колегите научници на тема која би му помогнала да го пишува извештајот.

  • [DET0107] [10 ЕКТС] Истражување и организирање работилница за истражувачката практика
    Истражување и организирање на работилница за истражување е составен дел на студиската програма. Докторантите ќе ги опшират своите знаење, ќе го опшират истражувачкото мислење, ќе ги подобрат размислувањето и комуникациските вештини. Присуство и учество во работилницата, заедно со сродните дискусии со колеги истражувачи на теми опфатени во работилницата, на докторантите ќе им помогне во процесот на изработка на дисертацијата.
  • [DET0108] [20 ЕКТС] Публикации
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според критериумите на релевантност на издавачкиот медиум. Со издавачките активности и успеси кандидатот се проверува пред научниот аудиториум - за областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 5

  • [DET0109] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот од петтиот семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето кандидатот ќе ги презентира јавно.
  • [DET0106-S5] [10 ЕКТС] Докторски семинар со презентација на извештај II
    Кандидатите ќе достават список на сите семинари, кои се релевантни за областа и/или нивните истражувачки интерес кади и да било во светот, на приложените пропишани образци до нивните супервизори за потврда. Овие семинари треба да биде истражувачки по природа. Во извештајот напишани од студентите е наведено со свои зборови за секој семинар каде што присуствувале. Во извештајот се резимираат клучните точки и се предвидува критична процена на студентот. Од студентот се бара да иницира дискусија со колегите научници на тема која би му помогнала да го пишува извештајот.

Семестар 6

  • [CST-PhD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот на Факултетот, се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+