Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Енергетски менаџмент и одржлив развој (120 ЕКТС)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Магистер по eнергетски менаџмент и одржлив развој
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Обновливите извори на енергија се многу важни за заштита на животната средина. Во Западниот Балкан, придонесот од водата, како најзначаен обновлив енергетски извор, игра значајна улога во енергетиката. Значи тука е потребно подобрување на високото образование. Обновливите извори на енергија се многу важни во иднина за економското движење на земјите-партнери во регионот на Западен Балкан со ограничени енергетски ресурси во една растечка економија и со проблемите поврзани со животната средина. Како резултат на тоа, постојните студиски програми се усовршуваат, асе промовираат нови постдипломски студии, кои ја опфаќаатцелата област на обновливите извори и управувањетосо енергија.

Студиската програма Енергетски менаџмент и одржлив развој ќе се развива сопосебно внимание на специфичните и комбинираните аспекти на енергијата, животната средина, економијата и законодавството. Ќе бидатопфатенипрашањата за развој на одржливите енергетски системи во период на брзи промени на националните и регионалните пазари на енергија. Различните обновливи енергетски системи како што се:водата и плимата, ветерот, сончевата енергија, хемиската енергија, геотермалната енергија, биомасата и биогасот ќе бидат интегрирани во неколку предмети. Многу важен аспект претставува интегрирањето на економијата за да се анализира економската достапност на различните системи и временската рамка за реализација на посебен прифатлив енергетски систем. Притоа, складирањето на енергијата во батерија, или како потенцијална или хемиска енергија добива нова димензија.

Многу системи за обновлива енергија не се достапни секогаш и зависат од климатските услови или од дневнитеи ноќните проблеми. Кандидатите со различен бекграунг како механички, електрични, граѓански, геолошки, еколошки и ИТ-инженеринг, или економски и природни науки можат да аплицираат за оваа програма на вториот циклус на студии.

Програмата ќе бидефокусиранана законодавно-правната и на економскатарамка во земјите-партнери и во ЕУ со цел промовирање на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Притоа, главната цел е реформирање на студиски програми со партнерските универзитети во областа на енергетиката. Специфичните цели на програмата се започнување со нови магистерски студии од областа на обновливите извори и управувањетосо енергија. Новите магистерски студии се основа за основање мрежа на национални и меѓународни универзитети и индустрија аналогни на многу ефективни решенија во Норвешка.

Целта на програмата е да се понуди солиден бекграунд во областа на системите за обновлива енергија преку илустрација на рамка и механизми, кои ги регулираат енергетските системи и пазари, како и преку развивање технички знаења и вештини за најважните обновливи извори на енергијата и за енергетската ефикасност.

Знаење и разбирање
  • Способност за развој и за примена на оригинални и креативни идеи за да се обезбеди континуиран напредок на квалитетот и управувањето со енергија и одржлив развој;
  • Способност за примена на знаењатаи разбирањата и демонстрирање напредни вештини и надлежности за:системот за енергетска анализа, технологијата за обновливи извори на енергија, напредните енергетски технологии, управувањетосо енергијата и подобрувањето на енергетската ефикасност итн;
  • Знаењаи разбирања во областите на инженерството за заштита на животната средина, електро-техничкото инженерство, механички инженеринг, како и во областа на компјутерските науки;
  • Познавање на еден или повеќе делови од индустријата на инженерството наживотната средина,преку која студентитеќе може да се оспособат како експерти за примена на знаењето во дадената област.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми со оригиналност во нови или непознати средини без претходно искуство во индустријата;
  • Планирање, управување и процена на независно истражување во областа на енергетската технологија и нивните анализи, како и примена на соодветните алатки за тестирање, симулација и имплементирање;
  • Креативност и оригиналност во интерпретација на знаењето од науката за решавање на проблемите поврзани со целите на управување со енергијата и од областа на енергетското инженерство.
Способност за проценка
  • Способност за креативно интегрирањеи синтетизирање на знаењата од повеќе области на инженерството за заштитана животната средина и за процеситеи системите за администрирање, користејќи ги ИТ-алатките дизајнирани и создадени за одреденa цел, но и креирање на образовните процеси со користење компјутерски алатки и техники;
  • Способност за справувањесо сложени прашања поврзани со одредени процеси;
  • Способност за идентификување соодветни специјализирани случаи и способност за процена на случаите кога недостасуваат целосни информации или податоци врз основа на лични, социјални и на етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаење и разбирање.
Комуникациски вештини
  •  Способност заразмена на заклучоци и предлози со нивно аргументирање и со рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
  • Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.
Вештини на учење
  • Способност заидентификувањена индивидуалните потреби и насоки за индивидуално и автономно дообразование и негово изведување, самостојно и автономно во вообичаените информациски области и областа за обезбедување квалитет;
  • Способност за преземање одговорност за понатамошни приватни студии во специјализирани области во рамките на вмрежената економија;
  • Способност запреземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Научно итражувачки методологии
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и разбирање за различни научни теории и методологии. На почетокот на студентите ќе им бидат објаснат основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, заклучоците BIAS, како и научните квалитативни и квантитативни методологии на истражување и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе работи и на практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување на информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, да ги опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно опишани; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање на квантитативни и квалитативни податоци; да обезбедуваат основна теоретска рамка врз која ќе се надградуваат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
  • [6 ЕКТС] Енергијата и животната средина
    Цели на предметната програма: Современото општество се базира на издржлива и енергетски сигурна иднина која гарантира стабилна ниска цена на електричната енергија. Поголемиот дел од оваа енергија во моментов доаѓа од фосилни горива, а со последните технолошки откритија за производство на неконвенционални ресурси на нафта и гас, се чини дека и во следниот век или во следните неколку векови ќе продолжиме да се потпираме на нафтата, природниот гас и на јагленот. Сепак, постојат значајни социјални и еколошки трошоци за користењето на фосилните горива. Овие трошоци произлегуваат од проблемите поврзани со екстракција, преработка и со дистрибуција на фосилните горива, како и со нивната употреба во транспортот, производството, градежништвото и во производството на електричната енергија. Најголем проблем претставуваат загадувањето на водата од локално до регионално ниво, загадувањето на воздухот во регионални размери, глобалните климатски промени. Како алтернатива на фосилните горива се нуклеарната енергија и обновливите извори на енергија, но, секако, дека тие сносат и еколошки трошоци и обично се изложуваат и на други трошоци и се малку покомплицирани доколку се користат во поголем обем. И додека зголемувањето и подобрувањето на енергетската ефикасност може да помогне да се намали влијанието врз животната средина и употребата на јаглеводороди, брзото зголемување на бројот на населението како и порастот на животниот стандард ја ограничуваат примената на овие конкретни мерки и придонесуваат за зголемување на штетата во животната средина.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Централно греење
    • Енергетски пазар и политики
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • Филозофија на општествените науки
    • Менаџмент на проекти
    • Пазар на трудот
    • Реторика
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Методологија на наставата
  • [6 ЕКТС] Изборен премдет 2
    • Централно греење
    • Енергетски пазар и политики

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Напредни енергетски технологии
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат сознанија за напорите во развојот на менаџерски знаења и вештини во областа на напредните технологии на енергија за студентите со различен бекграунд. Во рамките на овој предмет се опфатени неколку актуелни и комплексни прашања поврзани со постојната енергетска инфраструктура, животната средина и со перспективите на енергетската технологија. Во рамките на овој предмет се опфатени широк спектар на алтернативните извори на енергија и ќе бидат опфатени и разновидни енергетски технологии, но и примената на овие технологии неопходни за задоволување на барањата за одржлив енергетски развој. Студентите ќе имаат можност да се запознаат и да ги разберат прашањата поврзани со актуелната енергетска криза, која може да биде прилика за донесување одлуки за подобрување на инфраструктурните мрежи, технологии и за постигнување на енергетската одржливост.
  • [6 ЕКТС] Енергетска ефикасност и менаџмент
    Овој предмет опфаќа информации кои ќе им овозможaт на студентите да стекнат знаења, вештини и компетентност за истражување, анализирање, оценување, развој и за применување на стратегиите за енергетски менаџмент во различни енергетски сектори. Им овозможува на студентите да ги разбираат техниките за развој на професионалната улога во енергетската контрола и енергетскиот менаџмент. Резултати од учењето: По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: - Да го знаат и да го разберат производството на извори на енергија и потрошувачката на енергија во светот и во Косово, Албанија и во Македонија. - Да ја применат и да ја анализираат методологијата за енергетскиот менаџмент во индустријата. - Да ги разберат и да ги објаснат политиката на енергетската ефикасност во ЕУ и препораките за политиката на енергетската ефикасност. - Да ги објаснат бариерите за имплементација на мерките за енергетската ефикасност. - Да ја анализираат врската меѓу користењето на енергија и обемот на производството. - Да ја анализираат и да ја оценуваат потрошувачката на енергија и да препорачуваат соодветни мерки за енергетската ефикасност на системите за електрична енергија (тарифи, потрошувачка на реактивна енергија, осветлување, мотори). - Да направат процена на потрошувачката на енергија и да препорачуваат соодветни мерки за енергетската ефикасност во енергетскиот систем во индустријата: пумпи, вентилатори, компримиран воздух, горива, согорување (котли), систем за пареа.
  • [6 ЕКТС] Паметна мрежа
    Целта на предметот е воведување некои клучни елементи на паметните мрежи и разбирање на интеракцијата на различните дисциплини кај паметните мрежи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе стекнат пошироко историско, институционално и техничко знаење за тековниот пренос на електричната и дистрибутивната мрежа, а ќе се запознаат и со постојните теории и методи во однос на паметните мрежи. Резултати од учењето:На крајот на овој предмет, студентите треба да бидат способни: Да разберат некои основни концепти на технологијата за интелигентно мерење и паметните мрежи. Да дадат објаснување за: автоматизација на мрежата, примената на обновливите извори на енергија, влијанието на електричните возила (ЕVs). Да развиваат практични мрежни вештини кои се применуваат во областа на енергетските системи. Да ги следат и да извршат контрола на енергетските систем-апликации. Да ги научат да ги анализираат постојните теории и методи во однос на паметните мрежи. Да ги применат и да ги пренесат своите знаења и вештини во нови области.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 4
    • Енергетска ревизија
    • Третман и депонирање отпад
  • [6 ЕКТС] Изборен премдет 3
    • Енергетска ревизија
    • Третман и депонирање отпад

Семестар 3

  • [10 ЕКТС] Одржлив развој
    Преку овој предмето студентите ќе стекнат сознанија за: заедничките елементи за одржлив развој: историја, глобализацијата, документи на светската заедница; индикаторите на одржливост, показателите и методите за мониторинг; управувањето со одржливите ресурси. Притоа ќе биде опфатено следново: процена за одржливиот развој; процена на животниот циклус (LCA); употреба на софтвер за LCA (Simapro), општество: разбирање за тоа што се општествените институции, нивната улога во трансформацијата и развојот; разбирање за тоа што се демократските системи, нивната застапеност, засилување на консензусот и надминување на несогласувањата; животна средина: совест за тоа какви извори има физичката средина, колку животната средина е нестабилна и влијанието на човековите одлуки и нивните активности врз животната средина, заложување за решавање на еколошките проблеми во рамките на развојот на социјалната и економската политика; економско-технолошки аспект: разгледување на сите ограничувања и потенцијалните можности во однос на економскиот раст и нивното влијание врз општеството и животната средина.
  • [10 ЕКТС] Систем на енергетска анализа
    Цели на предметната програма: Знаења: стекнување напредни знаења и компетенции за енергетските системи; темелни знаења за анализа на енергетските системи. Вештини: да бидат во можност да ги анализираат постоејните теории, методологии, податоци и резултати од областа и да работат самостојно со практичните и теоретските прашања; да ја разбираат перспективата на системите и да се оспособуваат за анализирање на различни енергетски системи, да можат да ги користат алатките за анализа на енергетските системи со цел успешно спроведување независни и ограничени истражувачки дејности или развојни проекти. Општа надлежност: да бидат во можност да се изразуваат за главните теми и активно да владеат со јазикот и со стручната терминологија на академско ниво во писмена и усна форма.
  • [10 ЕКТС] Tехнологија за обновлива енергија
    Главната цел на овој предмет е студентите да стекнат сознанија за обновливите извори на енергија како замена за конвенционалните извори на енергија, имајќи ја во предвид зголемената побарувачка на енергијата во иднина. Студентите стекнуваат напредни познавања за различните обновливи извори на енергија; ќе ги разбираат прашањата поврзани со енергетската ефикасност и акумулација на енергијата; стекнуваат напредни познавања за современите технологии за ефикасно искористување на енергетскиот потенцијал, замената за конвенционалните технологии, како и за можностите за комбинирање на обновливите и необновливите енергетски технологии во хибридните системи; стекнуваат потребни знаење за стратегијата за искористувањето на обновливите извори на енергија и за стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност. Вештини: Анализа на важноста за обновливите извори на енергија и одржливиот развој; способност за изнаоѓање ефикасни решенија во насока на одржлив развој; способност за спроведување техно-економска анализа; процена и анализа на емисиите на конвенционалните енергетски системи. Општа надлежност: Развивање компетентност за идентификување и за користење на обновливите извори на енергија; развивање компетентност за оценување на различни технологии за обновлива енергија; студентите, самостојно, покажуваат квалитет и знаење за системите за искористување на обновливите извори на енергија.

Семестар 4

  • [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+