Целта на посетата на министерот Сараќини беше да се мотивираат студентите да се пријавуваат за овие активности на програмата. Со оваа програма која се фокусира на добрите идеи за бизнис , студентите можат да добијат финансиска поддршка до 300 илјади денари .
Министерот забележа дека крајниот рок за пријавување е 25 февруари 2014 година, и ја искористи можноста да ги замоли професорите да ги мотивираат студентите да се пријават на овој повик од министерството за економија.
Ректорот Дика нагласи дека УЈИЕ постојано ги поддржува студентите кои планираат да започнат сопствен бизнис и ја поддржа иницијативата од министерот Сараќини, за која рече дека е од голема помош во оваа насока.
„ Ние сме заинтересирани и ги следиме политиките кои овозможуваат упис на студенти при што сме во согласност со барањата на пазарот; во оваа насока ние го основавме Технолошкиот парк . Поради оваа причина, иницијативата на министерството за економија е во согласност со нашите напори. Според нашите статистички податоци , 50% од нашите дипломци се вработени во приватниот сектор, околу 40% во јавниот сектор, додека 10% од нив започнале сопствен бизнис “ рече ректорот.
Бизнисменот и сопственикот на компанијата „Ренова“, Шефки Идризи рече дека доколку би имало поддршка од ваков вид во негово време тој би имал и поголема компанија.
Студентите и младите претприемачи кои се пријавуваат на јавниот повик за деловни идеи ( и чии идеи ќе бидат избрани и наведени во листата од 40 најдобри кандидати) ќе се здобијат со право да учествуваат на обуката која се состои од 13 модули со цел да можат соодветно да ги вметнат идеите во деловниот план.
