Делегацијата на Универзитетот од Истанбул беше пречекана од ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази, кој ги запозна гостите од Турција за образовните и инфраструктурните можности на нашиот универзитет.
ЈИЕУ е млад универзитет, кој за кратко време успеа да има влијание не само во регионов, туку и пошироко кај универзитетите од заедничкиот европски образовен простор, рече ректорот Абази.
Двајцата ректори ги разгледаа можностите на соработка во разни области, посебно во размената на академскиот кадар и студентите.
Делегацијата од Универзитетот од Истанбул беше импресионирана од можностите кои ги нуди ЈИЕУ. Тие имаа можност да се запознаат одблиску со работата на центрите, институтите и лабораториите кои функционираат во рамките на Универзитетот.
Делегација на Универзитетот од Истанбул предводена од ректорот, проф. д-р Јунуз Сојлет, придружен од проректорите и директорот на мрежата на болниците на овој Универзитет во вторник (16 јуни 2009 година), го посетија ЈИЕУ.Целта на посетата беше продлабочување на соработката меѓу двата универзитети и воспоставување на блиски контакти на соработка во конкретни области.