Предизвиците на владеењето и управувањето ,Најновите информации за квалитет, Обемотна работа на академскиот кадар и мерење на изведбата, Можности за истражување и профил на истражување на академскиот кадар, Професионална комуникација – линии на овластување, ефикасност и добро однесување, Ефективно решавање на жалбите од студентите, Интернационализација и мобилност на кадарот/студентите беа дел од темите на кои се фокусираа презентациите и работилниците.
Традиционално првиот ден од обуката ректорот, проф. д-р Замир Дика се обрати на вработените и направи анализа на идните достигнувања и предизвици на нашата институција.„Нашиот Универзитет има позитивни трендови и е добро позициониран на пазарот на високото образование во Р.Македонија и во регионов.Ова е многу позитивна оценка за сите нас, сепак ова треба да не мотивира да продолжиме да работиме со посветеност за да ја одржиме и унапредиме позицијата со основна цел да бидеме поразлични од другите “, рече меѓу другото ректорот Дика.
Претседателот на Одборот на УЈИЕ, проф. д-р Денис Фарингтон одржа презентација за предизвиците на управување и владеење и направи споредба меѓу нашиот универзитет и некои модели од Обединетото Кралство како и други европски модели.
Сесиите за обука ги одржа Генералниот секретар Џеваир Мемеди , советникот на ректорот за обезбедување квалитет, Провостот Ендру Гудспид, Проректорот за истражување проф. д-р Блерим Река, Директорот на Институтот Макс ван дер Штул, проф. д-р Ветон Латифи, директорот на Технолошкиот парк, доц. д-р Азир Алиу и други.
