Во текот на посетата, студентите имаа можност да го следат целиот процес на производство. Тие имаа организирана прошетка во претпријатието при што ги посетија единиците за производство на гипс и на лакови. Во пријателска и пријатна атмосфера студентите постојано поставуваа прашања и активно се вклучуваа во дискусија. Потоа студентите присуствуваа на презентацијата која ја одржа генералниот директор г. Шефки Идризи и студентите повторно има можност за дискусија.
Инженерот на производство одржа презентација пред студентите детално објаснувајќи го процесот од суров материјал до конечен производ.
Ова се смета дека е многу добра можност за студентите од гледна точка на идни менаџери и понатамошен чекор кон практично и можно вработување кое беше ветено од менаџерот на претпријатието.
Факултетот за БЕ и во иднина ќе продолжи да ги поддржува активностите од ваков вид
