Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентите од Факултетот за бизнис и економија во Скопје ја посетија компанијата „Даути-Комерц“

Студентите од Факултетот за бизнис и економија во Скопје ја посетија компанијата „Даути-Комерц“

Студентите од прва година при Факултетот за бизнис и економија (УЈИЕ), Центар-Скопје, на 16.12.2013, во рамките на програмата по предметот „Вовед во економија и бизнис“, со професорот доц.д-р Вељанд Рамадани, ја посетија компанијата „Даути-Комерц“, генерален дистрибутер на разни прехранбени производи (Мегле, Дивела, Фрутекс, Алкалоид, и др.).

Студентите беа прeчекани од сопственикот, г. Џемаил Даути и менаџерскиот тим на компанијата, кои одблиску ги запознаа студентите со предизвиците и проблемите со кои се соочуваат како и со придобивките при менаџирањето на сопствен приватен бизнис.

Google+