„Процесите за регионална интеграција претставуваат позитивна реакција кон неизбежните притисоци на глобализацијата. Современите трендови на интеграција водат до регионална економска интеграција и така придонесуваат за меѓународна економска отвореност. Притоа, кога зборуваме за развојните трендови, инструментите и балканските политики наспроти глобалните, тогаш треба да дејствуваме преку научен пристап за односите меѓу земјите од Европската унија, земјите кандидати и земјите во транзиција“, рече во своето воведно обраќање ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика. Според него, овие конференции треба да бараат модели кои одговараат на регионалните економски развојни трендови , како потреба и одговор на модерните социјални и економски парадигми. Фактот дека можностите за развој на Балканот зависат од меѓународните и од домашните развои нѐ обврзува да преземеме конкретни делувања кон создавање и овозможување средина за странски инвестиции и за стандардизација на производите и на локалните капацитети. Зголемена доверба кон инвеститорите е многу важна за ревитализација на локалната економија. Стабилноста на овие економии е неопходна за влез во единствениот регионален пазар. Истовремено единствениот пазар придонесува за зголемување на конкурентноста во различни економски сектори и создава конкурентност на добрата и на услугите, рече меѓу другото ректорот Дика.
Меѓу многуте научни и политички личности кои присуствуваа на конференцијата, беше и принцот Михаил од Лихтенштајн.На оваа конференција зборуваа и други експерти како министерот за одбрана на РМ Талат Џафери, проректорот за истражување на Универзитетот на ЈИЕ, проф. д-р Блерим Река, директорот на Институтот за политички и меѓународни студии, Илбер Села, проректорот на УЈИЕ за претприемништво, Мирољуб Шукаров, претседавачот на европската даночна реформа и член на Одборот на AGREEI, Гунтер Фехлингер, поранешниот заменик-министер за интеграции во Владата на Албанија, Едмонд Хоџа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, и др.
Во УЈИЕ се одржа конференцијата Балкански Бенелукс – регионална економска интеграција
27 ноември 2013Во Центарот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје се одржа конференцијата насловена „Отворени пазари за Балкански Бенелукс - Регионална економска интеграција како одговор на економската криза “ организирана од Институтот за политички и за меѓународни студии во Скопје во партнерство со Австрискиот економски центар и со Универзитетот на Југоисточна Европа.
Повеќе вести
- Делегација од Mid Sweden University во посета на УЈИЕ: дискутирани заеднички студиски програми и нови можности за мобилност
- Библиотеката „Макс ван дер Штул“ на Меѓународен симпозиум во Осло
- Во УЈИЕ се промовираше прекуграничниот проект -Иницијатива за зелени училишта
- Делегација од Универзитетот за применети науки и уметности на Северозападна Швајцарија (FHNW) го посети УЈИЕ
- УЈИЕ се рангира на третото место во Северна Македонија според научното влијание
- Потпишан Трипартитен Меморандум за Циркуларна Економија – УЈИЕ, Општина Тетово и Saubermacher ја зајакнуваат соработката за животната средина
- Иновациите, претприемништвото и дигиталната конкурентност во фокусот на конференцијата ISCBE 2026 во Валенсија