Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Докторска школа на УЈИЕ – модерен стандард на научна комуникација

Во сабота, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), проф. д-р Замир Дика ги одржа првите предавања на редовните докторски студии на Факултетот за современи науки и технологии.

Ова е прва година на функционирање на Докторската школа на Универзитетот на Југоисточна Европа и истата е проследена со работна атмосфера и активно присуство на студентите на часовите.

Докторските студии се третиот циклус на образование во согласност со Болоњскиот процес кои се во времетраење од три години и со кои е предвидено усвојување на посебно познавање во областа на истражувањето базирано на независна и оригинална научна работа со цел да се постигнат релевантните резултати. До сега на УЈИЕ докторските студии беа организирани според менторскиот систем.

Докторските студии воведоа нов стандард без кој е невозможно да се замисли било каква активност која се однесува на истражувањето и на модерните форми на научна комуникација.

Google+