Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Предавање од амбасадорот Пол Волерс по повод 50-годишнината од атентатот врз претседателот Џон Ф. Кенеди

Предавање од амбасадорот Пол Волерс по повод 50-годишнината од атентатот врз претседателот Џон Ф. Кенеди

Амбасадорот на САД во Македонија, НЕ Пол Волерс, одбележувајќи ја 50- годишнината од атентатот врз претседателот Џон Ф. Кенеди рече дека му е драго што е дел од оваа угледна институција во која луѓето од различни етнички и културни средини имаат можност да се здобијат со знаења и со нови перспективи.

Предавањето се одржа во понеделник (25 ноември 2013 год.), пред студентите и пред кадарот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово .

Амбасадорот на САД одговори на голем број прашања од студентите , кои во главно се однесуваа на тековната политичка состојба во Македонија и во поширокиот регион.

Наследството од водството на претседателот Џон Ф. Кенеди се однесува на надежта, инспирацијата и слободата на нациите. Тој беше лидер кој продолжува да ги инспирира новите генерации лидери и студенти рече професорот за меѓународни односи и политички науки, проф.д-р Ветон Латифи.

Google+