Вкупно седум труда беа доставени за надворешна евалвација која ја изведува Томас Олсон, експерт за академски развој од Универзитетот Лунд во Шведска . Тој во неговиот извештај забележа:
„ Во трудот се предлагаат интересни и вредни иницијативи за квалитет кои на различни начини ќе го подобрат предавањето и учењето на студентите на УЈИЕ. Во предлозите, предавачите од УЈИЕ дискутираат теми како што се користењето на социјалните медиуми, интерактивно предавање со поголем број студенти, квалитет на службите, предавање јазик базирано на задачи, предавање за културната различност , индикатори за мобилно учење и односот студент-професор.“
За трудот кој победи , во извештајот се заклучува дека: „ Ова е извонредна студија која ги исполнува сите критериуми за доделување на наградата. Овој труд е добро напишан и резултатите се интересни со јасни заклучоци и препораки.Употребени се различни методи и јас би сакал да ги споменам проектите за истражување со студентите кои се навистина вредни и ветуваат. Културната различност е тема за универзитетите низ целиот свет и резултатите од овој проект ќе придонесат за важниот развој на УЈИЕ и пошироко.“
На состанокот на 21 ноември 2013година, Одборот на УЈИЕ објави дека наградата ќе продолжи и за 2013-14 со 1000 евра плус можни трошоци за конференции за истражувачкиот труд по истиот анонимен процес на евалвација.
