Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на Југоисточна Европа ја прослави дванаесет годишнината од основањето

Во среда на 20 ноември 2012 година на свечена церемонија , УЈИЕ ја прослави дванаесет годишнината, во присуство на гости од други универзитети: министерот за образование и наука на Република Мкаедонија, Спиро Ристовски; градоначалникот на Тетово, Теута Арифи, претставници од дипломатскиот кор, професори и студенти.

Дел од оваа церемонија беше и доделувањето на на титулата почесен доктор на науки Honoris Causaна проф.д-р Франческо Алтимари. Оваа церемонија беше проследена и со доделување на дипломи на докторите на науки од генерацијата 2012/13.

Резимирајќи ги достигнувањата, ректорот на УЈИЕ проф.д-р Замир Дика забележа: „Во 2001 годин пред 12 години, се издигна универзитетот, кој по својата природа, причина и начин на основање, најави и основање на нетипична институција во однос на високото образование во земјите во транзиција. Оваа инвестиција за интернационализацијата на овој Универзитет на Балканот се покажа како вистинска визија, затоа што денес интернационализацијата е клучниот збор за секој универзитет кој што има за цел да ги прошири своите амбиции на глобално ниво“.

Министерот за образование и наука на Република Македонија, Спиро Ристовски во своето обраќање истакна: „Сега за 12 години овој Универзитет се докажа како еден од најреспектираните универзитети во Македонија и во регионов, кој има визија за образување квалитетни кадри преку квалитетна настава и развој на научно-истражувачки активности“.

Претседателот на Одборот на УЈИЕ, д-р Денис Фарингтон во својот говор напомена дека „Еден од главните елементи на нашата мисија уште од почетокот беше да се придонесе за високото образование на албански јазик. Ние знаеме колку е успешно и треба да сме горди на нашето достигнување. Сепак, тоа не беше единствената причина за нашата фондација. Нашите цели не се да остваруваме профит како бизнис, туку да помогнеме да се подобри квалитетот на високото образование во Република Македонија, со донесување оригинална експертиза од другите делови во Европа и од Соединетите Американски Држави и со обезбедување можности за кадарот да ги развие вештините надвор од државава“.

Проф.д-р Франческо Алтимари, лауреатот на титулата почесен доктор на науки изрази посебно задоволство за укажаната чест: „Ова не е само признание за мене туку за сите Арбреши во Италија и исто така е силна поддршка од Универзитетот на Југоисточна Европа за овој важен дел на албанската култура и јазик.“

По повод дванаесет годишнината, имаше и огромна торта која се подели со студентите и со кадарот.

Google+