Во говорот при отворањето на овој објект кој е лоциран во т.н. објект „Мост“, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика рече:
Проектот на Универзитетот на Југоисточна Европа „Мост“, покрај традиционалната академска мисија претставува и единствена компонента во просторот на високото образование во земјава. Се работи за проект кој ја интегрира разновидноста во една единствена средина која нуди напредни стандарди на современото меѓународно знаење. Разновидноста не е само во однос на јазиците, културите, туку и во архитектонското решение.Овој објект се наоѓа во срцето на балканската архитектура и историја и оваа позитивна интеграција се очекува да има и економско влијание врз чаршијата“
„Симболизмот на објектот има комплетно исто значење . Мост, секогаш премостува две страни-лева и десна. Овој мост ги Обединува Општина Центар и Општина Чаир. Двете најголеми етнички заедници кои живеат во Скопје, Албанците и Македонците “ рече Сафет Незири,заменик министерот за образование .
„Не случајно Универзитетот го има овој назив, не поради страните од светот , туку поради амбициите кои ги има,“ рече претседавачот на Одборот на УЈИЕ, проф. д-р Денис Фарингтон .
„Симболизмот на овој објект на Универзитетот на ЈИЕ е над симболизмот на мостот затоа што претставува поврзаност меѓу САД и ЕУ“, рече во својот поздравен говор градоначалникот на Општина Центар , Андреј Жерновски.
„Овој Универзитет е синоним за квалитет и високи стандарди. Поради тоа овој објект не би нашол подобар избор од овој објект, “ рече градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
Само по три месеци работа , поранешниот објект е целосно адаптиран и сега е подготвен за 900 студенти кои ќе студираат на 25 различни студиски програми.
