Со потпишување на договорот, студентите од УЈИЕ ќе можат да се пријават во министерството за одбрана за стажирање во администрацијата во ова министерство.
„Оваа соработка ќе им овозможи на студентите на УЈИЕ да продолжат со стажирањето во различни области на студии во Министерството за одбрана а тоа ќе им помогне за напредок во кариерата во иднина“ рече ректорот на УЈИЕ, проф.д-р Замир Дика.
„Овој вид на соработка треба да придонесе за надминување на табуата меѓу граѓаните за тоа што работи министерството за одбаран, армијата и целиот систем за одбрана во Република Македонија“ рече министерот Талат Џафери.