" /> ">

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се презентираше извештајот "Граѓански засновани анализи"

Македонија во однос на животниот стандард се претвора во земја на богати и сиромашни, покажува најновото истражување на ЈИЕУ и УНДП во рамките на проектот "Зајакнување на политичките процеси засновани врз докази" кој беше промовиран во петок ( 10 април 2009 година) во ЈИЕУ.

Ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази, рече дека од голема важност за нашиот универзитет се примарните податоци кои се добиваат од анкетите извршени на национално ниво, затоа што тие претставуваат важен извор за истражување и подготовка на научни проекти, но и за магистерски и докторски дисертации за нашите студенти од вториот и третиот циклус на студии и во исто време претставува голема можност за зајакнување на истражувачкиот капацитет на Универзитетот "Многу сум задоволна што денеска се наоѓам во ЈИЕУ, бидејќи ова е вистинско место за презентација на овој проект", рече Марија Луиза Силва Меијас, постојан претставник на УНДП во Македонија. Според извештајот, нискиот животен стандард е причина македонските граѓани да се чувствуваат најнесреќни во регионов во однос на квалитетот на животот.

Презентацијата на истиот проект беше реализирана и во Скопје, каде присуствуваше и ректорот на ЈИЕУ, академик Алајдин Абази.

Google+