Ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика во неговиот говор рече:„Вие излегуватенадвор од вратите на Универзитетот и влегуватена големивратинаживотот. Сепак, сѐуште нема да бидетесами. Универзитетот на Југоисточна Европа ќе бидеВашверен придружник, којќе знаекакои понатамуда јазадржи светлината на вашиот од. Духот на Универзитетовќе биде во рамките на вашитестремежиза повеќе искуство и знаење”.
Ректорот, во пораката за студентите рече : „Заедно со вашата диплома, вие ќе гоноситесо вас иугледот на една институција којаимадокажан квалитет и е производител на вредности.Дозволете ми да ве потсетам дека името и славата не дојдоа случајно. Ни беше потребна напорна работа да се подигне и да се одржи овој проект, кој подобро од кој и да било во практиката го потврдува нашиот западен дух, како најнапреден модел на европски и на американски образовен систем. Затоа, денес треба да се чувствувате добро, затоа што придонесовте името на Универзитетот да се прошири надвор од границата, која создава разлика на вредности“.
Претседателот на Одборот на УЈИЕ, Денис Фарингтон рече “Ние ги усвоивме европските практики и политики кои значително се разликуваат од традиционалниот модел на високо образование во Република Македонија. Ова е основата за успехот на Универзитетот. Ние ќе останеме на таа патека преку развивање нови предмети и нови можности за студирање во Тетово и во Скопје”
Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет рече дека Универзитетот на Југоисточна Европа кој го иницираше починатиот комесар за национални малцинства Макс ван дер Штул го направи Тетово вистински академски град.
„Пазарот на трудот е многу тежок, не само за Македонија и за регионов туку и надвор. Мојата порака е дека не треба да барате оправдувања туку треба да ги искористите можностите кои ви се нудат “ рече амбасадорот Брет.
И оваа година традиционално се избраа најдобрите студенти во генерацијата: Лиридона Велиу, Арлинда Рушити, Херолинд Рамадани, Мимоза Муслиу, Мила Дамјановска, Вјоса Шаќири, Сабри Хетеми, Мајлинда Демири, Гентијана Жута и Џениса Хасани.
Во името на најдобрите студенти од генерацијата на студентите им се обрати Лиридона Велиу која меѓу другото рече „Како институција модел која не направи горди да одиме со деверба, да се соочиме со предизвиците на глобалниот свет, ние знаеме дека овој универзитет ќе го следи нашиот успех и по дипломирањето за да ја симболизра слободата. “
Од уметнички аспект церемонијата беше збогатена со изведба на познатиот тенор Кастриот Туша, хорот од Тетово, квартет од гудачки инструменти од филхармонија и пејачот кој исто така е и предавач на УЈИЕ д-р Агим Пошка.
