Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се потпиша меморандум за соработка помеѓу УЈИЕ и СКСЗМ за студиите интегрирани со пракса

Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Стопанската комора на северо-западна Македонија во среда (5.06.2013) потпишаа договор за соработка за имплементација на студиите интегрирани со пракса . Договорот го потпишаа компаниите партнери Даути Комерц, Алма –М, Везе Шари, НД Балкан, Вестерн Унион и ДатаПрогНет (Гнилање) кои ќе нудат стипендии за студентите кои ќе се запишат во интегрираните студиски програми.

Студентите кои ќе ги следат овие студиски програми, 50 % од наставата ќе биде практична обука во овие компании додека 50 % теоретски дел на универзитетот и по дипломирањето тие ќе бидат вклучени во компаниите кои финансиски го поддржуваат овој проект.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово проф.д-р Замир Дика рече дека ова е прв пат да се потпише конкретен договор со познати компании во регионов во областа на образованието на професионален кадар.

„Со овој договор се создаде можност за студентите кои ќе ги завршат студиите на нашиов Универзитет затоа што ќе им се осигури работно место додека компаниите ќе имаат адекватен кадар за нивните деловни активности“, рече ректорот Дика.

Универзитетот на Југоисточна Европа, компаниите и Стопанската комора на северо-западна Македонија ја разбраа идејата и важноста за создавање обучени човечки ресурси за областите за кои пазарот на трудот има потреба, рече претседателот на СКСЗМ, Мендерс Кучи.

„ Досега механизмите беа политизирани и ние не бевме во можност да делуваме и сега преку оваа програма ние ќе им помогнеме на студентите и на компаниите да имаат квалитетен кадар за подобар иден економски развој“, рече г.Кучи.

За новата академска 2013/2014година, Универзитетот на Југоисточна Европа подготви и акредитираше три интегрирани студиски програми. Тие се: СОВРЕМЕН МЕНАЏМЕНТ СО БАНКИ, СОВРЕМЕН МЕНАЏМЕНТ СО ПРЕТПРИЈАТИЈА И ПРИМЕНЕТА ИНФОРМАТИКА ЗА ИТ КОМПАНИИ.

Овие програми беа развиени заеднички со Германската агенција за деловна соработка (GIZ), во согласност со барањата на Министерството за образование и наука на Република Македонија и ќе се нудат на Факултетот за современи науки и технологии.

Google+