Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Правниот факултет на УЈИЕ со придонес за World Justice Project – Владеење на правото индекс 2012-13

Правниот факултет на УЈИЕ го направи најголемиот придонес од Универзитетите во Република Македонија во неодамна издадениот World Justice Project – Владеење на правото индекс 2012-13

Правниот факултет на УЈИЕ го направи најголемиот придонес од Универзитетите во Република Македонија во неодамна издадениот World Justice Project– Владеење на правото индекс 2012-13, Вашингтон ДЦ финансиран од фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс. Аднан Јашари, Беса Арифи, Сами Мехмети и Денис Фарингтон придонесоа за квантитативната алатка за оценување креирана од World Justice Projectсо понуда на сеопфатен преглед за степенот до кој се придржуваат 97 држави до владеењето на правото не во теорија туку во практика. Врз основа на нивните придонеси и оние од голем број академици и правници од Македонија, Индексот на владеењето на правото подготвува генерално поволен извештај за земјава, обрнувајќи внимание на некои на кои треба да се обрне внимание: одложувањата во граѓанското прво , ограничувањата на слободата на медиумите и дискриминација на маргинализираните групи.

„Ова вклучување на Правниот факултет во ваков високо престижен меѓународен проект е инспирација за тековните и за потенцијалните студенти на факултетот и покажува како членовите на кадарот ја применуваат практичната работа која има голема важност за државава“ рече проф. д-р Денис Фарингтон. Копија од извештајот се испрати и до премиерот г. Никола Груевски.

Google+