Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кнут Волебек одржа предавање за интеграцијата на различните општества

Во четврток (23ти мај 2013), високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кнут Волебек, одржа предавање за студентите и за кадарот на УЈИЕ на тема: „Интегрирање на различните општества : одговорност на државата“ на Универзитетот на Југоисточна Европа -Tетово.

Проректорот за академски работи на УЈИЕ, Ендру Гудспид го претстави комесарот Волебек. Тој рече дека работата која комесарот Волебек ја извршува е тешка и има огромна одговорност. Сепак, тој ја извршуваше оваа работа со заложба и посветеност . Ни претставува чест што комесарот денес е предавач на нашиот Универзитет.

Зборувајќи за темата комесарот Кнут Волебек меѓу другото рече: „Вашата држава, како и другите земји во ОБСЕ и надвор се етнички различни. Етничката разноликост е факт не е дефиниција.“ Тој исто така рече интеграцијата на различните општества е предизвик со кој се соочуваат сите влади вклучително и вашата. Јас гледам на интеграцијата како на процес а не како на резултат . Како што се менуваат условите така треба да се прилагодуваат политиките. Образовните институции имаат посебна важност во воспоставувањето на идните општества.“

По предавањето имаше дискусија и учесниците поставуваа прашања за важни работи во главно за етничките односи.

Google+