Студентитекои ги следатпредметите: Културни студии, Комуникациски вештини и Меѓучовечкакомуникација, кои ги предаваат д-р Линда Зибери и м-р Биљана Саздановска од Факултетот за јазици, култури и комуникации, презентираа постери за нивната локална култура. На интеркултурното шоу беа претставени различни дијалекти, традиции, облека и храна од регионов, како и други артефакти од локалните култури. Студентите презентираа различни вербални и невербални комуникациски стилови на локалните заедници во регионов. Како дел од настанот имаше и музика на неколкујазици кои што се говорат во регионов.
Ова шоу го означи почетокот на културните активности кои ќе бидат организирани низ целиот свет за одбележување на 21 мај- Светскиот ден на ОН за културна различност за дијалог и развој.
