Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Симпозиум за делото на Силвија Плат за одбележување на 50-годишнината од смртта на американската поетеса

Во петок, на 10 мај 2013 година, во УЈИЕ, Катедрата за англиски јазик и книжевност организираше симпозиум за делото на Силвија Плат за одбележување на 50-годишнината од смртта на американската поетеса. Како дел од ова одбележување Катедрата за англиски јазик и книжевност, исто така, организираше натпревар по рецитал на поезијата на Силвија Плат, на која учествуваа 40 средношколци од различни градови во Македонија како Куманово, Тетово, Кичево и Скопје.

Симпозиумот го отвори Заменик-ректорот за академски работи на Универзитетот, проф Ендрју Гудспид и деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникација и шеф на Катедрата за англиски јазик, д-р Бенџамин Kитинг кој го одржа воведното излагање „За повторното читање на песните од Ариел“. Презентацијата продолжи со гостинката, д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од Институтот за македонска литература, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, која ја претстави „Силвија Плат во македонски контекст“. По кратката пауза, студентите од прва година од Катедрата за англиски јазик на Универзитетот одржаа две презентации и рецитали: Берин Исмаили, Егзона Саити, и Суада Мурати студенти од прва година, Аделина Рамадани и Елона Мустафи, студенти од трета година. Понатаму, симпозиумот продолжи со натпреварот по рецитирање на поезијата на Силвија Плат. Четириесет ученици од средните училишта рецитираа поезии од Силвија Плат а жирито составено од проф Бенџамин Kитинг и Естела Итон, ги оценуваа нивните читања, изговорот, тонот, акцентот, и волуменот. Победници на овој натпревар беа:

Арзана Аслани, Средно училиште „Сами Фрашери“, Куманово, прво место

Мерјем Реџепи, гимназија „Кирил Пејќиновиќ“, Тетово, второ место

Теодора Ангелеска, средно училиште „Орце Николов“, Скопје, трето место

По натпреварот за рецитирање, симпозиум заврши со презентацијата на Естела Итон за „Силвија Плат во изучување на вештините на англиски јазик“ и конечната презентација која се одржа од вториот гостин на овој симпозиум, д-р Мишел Павловски од институтот за македонска литература при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, кој говореше на тема „Животот, делото и филмот на Силвија Плат“. Се доделија сертификати за сите презентери и учесници на овој симпозиум меѓу кои наставници, ученици и студенти од цела Македонија.

Google+