Саемот на кариера обезбедува добра можност за студентите да се сретнат со потенцијалните работодавци и да ги дискутираат можностите за вработување или да бидат вклучени како стажанти и да ги дискутираат соодветноста на нивните квалификации и вештини со барањата на пазарот на трудот на соодветната компанија. Студентите, исто така имаа можност на самото место да се пријават за работа преку доставување нивна биографија на штандовите на компаниите.
Саемот го отвори ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика, кој зборуваше за важноста на овој настан за студентите, за Универзитетот и за деловната заедница.
„Фактот дека Саемот се одржува осми пат, покажува дека УЈИЕ има потенцијал и услови да подготви способни кадри кои знаат како да се презентираат на компаниите за кои се заинтересирани да се вработат, “ рече ректорот Дика. Тој исто така рече дека УЈИЕ е првата институција во регионов која започна со организација ан ваков настан, кој сегфа стана традиционален.
Учесниците исто така ги поздрави регионалниот директор на „Стопанаска банка“,Фатмир Идризи кој зборуваше за важноста од вклучувањето на студентите во деловните активности.
„Студентите се оние кои ги носат потребните иновации и знаење за економски напредок на државата. Ние како банка сме задоволни со соработката која ја имаме со студентите на УЈИЕ и оваа соработка ќе продолжи и во иднина со вклучување студенти како стажанти или како вработени“, рече Фатмир Идризи.
Оваа година Саемот за кариера се организира по осми пат и беше посетен од 40 компании и организации од Македонија, кои ги презентираа активностите за студентите, за кадарот и за другите гости.
