Амбасадорката Морела предаваше во врска со кампањите на меѓународна комуникација, политичките кампањи, нејзините искуства во преговорите и современите пракси на дипломатијата.
Госпоѓа Морела била амбасадор на САД во Организацијата за Економска Соработка и Развој (OECD)во временскиот период 2003-2007, а претходно од1987 до 2003 година била член на Американскиот Конгрес при што се стекнала со истакната репутација како бранител на правата на жените и децата.
Студентите ја искористија можноста да учат и за последните дипломатски искуства на амбасадорката Морела, но и од нејзините искуства и сеќавања за време на шеснаесетте години како конгресмен во Американскиот Конгрес со нејзиниот ангажман во промовирањето на економскиот раст преку научниот и технолошкиот развој.
