Гостинот од Турција се сретна со ректорот на УЈИЕ проф.д-р Замир Дика , кој го информираше за развојот на високото образование во Македонија и за академскиот и истражувачкиот процес на Универзитетот, истакнувајќи ја заложбата на УЈИЕ да ги подготви студентите со вештини потребни за глобалниот пазар на трудот. Тој исто така го информираше турскиот член на парламентот за соработката со престижните турски универзитети и акредитацијата на УЈИЕ во Турскиот високообразовен совет (YOK) кој ги акредитира дипломите од УЈИЕ.
„Ние сме заинтересирани за турските студенти, тргнувајќи од фактот дека ние сме Универзитет со солидни европски и американски вредности“ рече ректорот Дика.
„ Вие имате прекрасен кампус и услови, ова би било импресивно за студентите од Турција , доколку мене би ме прашале , јас би го предложил токму овој Универзитет. Јас би лобирал за овој Универзитет за да можат студентите од Турција да дојдат и да студираат на УЈИЕ“ рече турскиот член на парламентот г. Туркан.
