Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Состанок на менаџмент-групите на проектот Универзитетите партнери на проектот САТИС- ТЕМПУС

„Користење на локалните ресурси за микро-регионален развој – Одржлив агробизнис и туризам во јужен Балкан“

Во просториите на УЈИЕ – институција домаќин во Тетово, се одржа состанок на менаџмент-групите на проектот. Покрај институцијата координатор, Универзитетот во Шегед и претставници од Универзитетот на ЈИЕ, деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Неџби Весели, доц. д-р Брикенд Азири и локалниот менаџер доц. д-р Јусуф Зеќири и други претставници од Универзитетот Гоце Делчев, Штип, УКЛО од Битола, Земјоделскиот универзитет од Тирана, Универзитетот во Елбасан, ЗЕЛС, Албанското здружение на општини и Валмир Панорама присуствуваа на состанокот. Сесиите на состанокот беа закажани за еден работен ден.

Главната цел на состанокот беше да се види напредокот за работите кои треба да се завршат во рамките на проектот и можните стратегии за ефективно завршување на проектот. Проректорот за истражување проф. д-р Блерим Река откако ги поздрави гостите и учесниците на годишниот состанок рече:„Нашиот универзитет е почестен што е домаќин на овој трет годишен состанок на проектот САТИС-ТЕМПУС. Нашиот Универзитет е определен да дизајнира предмети и наставни план-програми и евентуално програми за заеднички програми по Одржлив агоробизнис и туризам со Универзитетите кои учествуваат во проектот САТИС-ТЕМПУС-„Користење на локалните ресурси за микро-регионален развој – Одржлив агробизнис и туризам во јужен Балкан“. Постои потреба за регионална соработка за развој на програми и стратегии за микрорегионален развој. Овој проект ќе им помогне на сите партнери при размената на искуствата и практиките со цел да се образуваат студентите кои ќе го прошират знаењето во нивните региони за користење на локални ресурси за развој на агробизнис и туризам.”

Сите претставници од Универзитетите партнери го презентираа напредокот во достигнувањето на целите на проектот САТИС-ТЕМПУС. Како локален менаџер на Универзитетот на ЈИЕ , д-р Јусуф Зеќири ги презентираше досегашните достигнувања на обврските на УЈИЕ и нивната подготвеност да започнат со упис на студенти на 4 акредитирани прогрми по Одржлив агробизнис и Одржлив туризам во првиот и во вториот циклус ан студии.

Google+