Во текот на посетата, делегацијата на УЈИЕ се сретна со претставници од повеќе престижни холандски универзитети и институти : проф. Генугтен (декан на Институтот во Хаг за глобална правда) и проф. д-р Лео де Хан (Ректор на Институтот за општерствени науки, Хаг дел од Универзитетот Еразмус во Ротердам).
Исто така во текот на оваа посета, претстравниците од Универзитетот ги пречека проф.д-р Јап де Хоп Шефер (поранешен генерален секретар на НАТО) , тековно Претседател на Гротиус Центарот за меѓународни правни студии – дел од Универзитет Лејден.
Во Амстердам делегацијата на Универзитетот на ЈИЕ беше пречекана од ректорот на Универзитетот во Амстердам, Луис Гунинг додека во Лејден од Ректорот на Универзитетот во Лејден Пол Ф Ван дер Хеијден.
На сите состаноци , покрај пријателската и колегијална атмосфера се потестија на дипломатската превентивна филозофија на Макс ван дер Штул, како наследство но во исто време како ориентација за УЈИЕ и за новоформираниот Институт кој го носи неговото име и се смета за можност за билатерлна соработка во многу академски области. Вреди да се истакне полето на истражување и заедничките научни проекти меѓу холандските институти и истражувачките центри и Институтот „Макс ван дер Штул“ во областа на регионалната безбедност, превентивната дипломатија и превенцијата на конфликти .Покрај тоа, се дискутираа и можностите за размена на академски кадар за магистерски и за докторски студии.
