Во вториот панел дискутираа Министерот за внатрешни работи на Република Косово Бајрам Реџепи, амбасадорот Алберт Рохан и поранешниот амбасадор на Македонија во ЕУ, Блерим Река.
Проректорот на УЈИЕ и добар експерт на интегративните процеси, проф. д-р Блерим Река се фокусираше на билатералните односи меѓу Косово и ЕУ како и на процесот за градење на државата Косово.
Конференцијата се водеше на англиски и на германски јазик и беше следена од голем број амбасадори и дипломати акредитирани во Виена, новинари, студенти, членови на дијаспората како и локални политичари.
