УЈИЕ по втор пат оваа година е домаќин на овој настан и на универзитетите партнери од САД и од Индија. Дополнително на наставата за студентите од Индија подготвена е богата туристичка агенда во која се вклучени посети до најважните туристички места во регионот во Тетово, како што се Шарената џамија, теќето „Арабати баба“ како и некои други туристички места. Тие исто така посетија две компании „Еколог“ и „Ренова“ .
По завршувањето на интензивниот курс студентите ќе добијат сертификат за деловни анализи.
„Гостите од Индија се студенти на програмата МБА на Индискиот институт по менаџмент и повеќето од нив се вработени во истакнати мултинационални и транснационални корпорации. Индискиот институт по менаџмент е рангиран на 4. место во Индија за програмата МБА. Исто така Кели факултетот за бизнис е рангиран на врвот за факултетите по бизнис во САД “ рече Луан Ештрефи одговорен на Канцеларијата за меѓународни односи на УЈИЕ.
Во текот на нивниот престој на нашиот Кампус гостите од Индискиот институт по менаџмент беа сместени во студентскиот дом во УЈИЕ .
УЈИЕ продолжува да креира поинтернационален профил и ваквите настани се важни за нас и за заедницата.
