Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ БЕШЕ ДОМАЌИН НА НАЦИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Соработката помеѓу универзитетите е повеќе од неопходна зашто се стекнуваат разни искуства од другите универзитети и така се подобрува ефикасноста на образованието, рече ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика на Националната конференција за високото образование, која се одржа во вторникот (12 јуни 2012) на УЈИЕ, во Тетово.

Преку оваа Конференција сакаме да поттикнеме уште посериозно залагање за постојаното подобрување на квалитетот на понудата во образованието. Целите на оваа Конференција се преку научниот придонес да се помогне во развојот на подобар менаџмент на квалитетот, рече проф. д-р Дика.

Оваа Конференција ги собра на едно место академските работници од сите области, раководителите во образованието и политичарите. Целта на Конференцијата е да влијае врз растот на квалитетот на наставата и на учењето во високото образование во Република Македонија.

Учесници на Конференцијата беа многумина професори од Македонија, од неколку европски универзитети, како и министерот за образование Панче Кралев, кој високо ја оцени улогата на ваквите конференции во служба на образованието во Македонија, а притоа вети дека Министерството што го управува тој ќе поддржува вакви проекти.

Модератор на Конференцијата беше Павел Згага, професор по филозофија на образованието и образовната политика во Љубљанскиот универзитет, Словенија.

Д-р Томас Олсон од Универзитетот на Лунд, Шведска, рече дека нивниот универзитет е еден од најуспешните универзитети во Скандинавија во истражувачките и образовните дејности. Тој рече дека од 1666 година универзитетот води грижа за сопственото усовршување и за внесување разни новини. Универзитетот на Линд денес е меѓу 100 најдобри универзитети во светот.

Целта на Конференцијата беше споделување на најдобрите знаења и практики и нудење добри можности за споделување и размена на искуствата и идеите.

Истотака, во текот на Конференцијасе дискутураше и за меѓународните рангирања, за резултатите оданкетите на студентите и на агенциите за евалуација (и обезбедувањето на квалитетот), кои јасно сведочат за важноста и за постојаната тенденција за подобрувањето на наставата и на учењето во високото образование во Република Македонија.

Носител на главните активности при организирањето на оваа Конференција беше Канцеларијата за обезбедување на квалитетот при УЈИЕ.

Google+