Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Арбен Чејку, одржа предавање за 100-годишнината од независноста на Албанија.

Амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Арбен Чејку, пред студентите и вработените на УЈИЕ, во вторникот (15 мај 2012), одржа предавање на тема: „100-годишнината од независноста на Албанија“.

Амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Арбен Чејку, пред студентите и вработените на УЈИЕ, во вторникот (15 мај 2012), одржа предавање на тема: „100-годишнината од независноста на Албанија“.

„Многу сум задоволен што ми се укажа прилика да го одржам ова предавање на Универзитетот. Овој Универзитет го сметам за најдобриот универзитет на Албанците“, рече на почетокот на своето излагање амбасадорот Чејку. Потоа во своето предавање тој се задржа на историските аспекти на прогласувањето на независноста на Албанија, како на политички момент и
направи споредба со моменталната ситуација на Албаниците на Балканот.

Тој зборуваше за важноста и за историската и политичката визија на сите патриоти кои знаеја да го вреднуваат дадениот момент и ја прогласија независноста на Албанија.

Амбасадорот Чејку побара од студентите и од сите истражувачи да ги продлабочат уште повеќе своите истражувања на историјата и да придонесуваат во собирањето на сите историски факти кои се поврзуваат со овој многу важен датум за албанската наиционална историја.

Google+