Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентите на УЈИЕ се сретнаа со претседателот Иванов

Претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов, вчера (3. мај 2012) оствари средба со студентите со повисока просечна оценка кои студираат на факултетите на природните науки на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Целта на оваа средба беше да се слушнат идеите, но и предизвиците со кои се соочуваат студентите,како и да им се даде поддршка да продолжат да нижат успеси и во иднина. Студентите беа задоволни од заинтересираноста на претседателот, но воедно ги истакнаа и проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневие.

„Конкретниот проблем ќе биде каде ќе се најдеме по завршувањето на факултетот, односнопостудиите. Уште една година завршуваме, а вие и сами гледате дека мнозинството од студентите размислуваат да одат надвор од земјава. Мислам дека на овој начин ќе се испразни нашава земја, а како што вели една поговорка - подобро е да бидеш прв во твоето село отколку последен во градот“, рече студентката на УЈИЕ Аријета Реџепи.

„Прв чекор е нашето вработување. Со овој проблем се соочувале и постарите генерации, но и ние ќе се справиме со оваа тема“, рече студентот Венхар Рамадани.

„Имаме чест да разговараме со претседателот на нашата држава. Се надевам дека и тој се радува затоа што разговара со иднината на државава. Јас би ја изразила својата желба за афирмација на ангажманот на повисоко ниво за сузбивање на непотизмот во сите структури на државава“, вели друга студентка од УЈИЕ, Лиридона Велиу.

Вакви средби претседателот на државава Иванов планира и со другите универзитети во земјава при што ќе се потенцира дека образованието е приоритет за Македонија.

Google+