Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентите на Правниот факултет на УЈИЕ престојуваа во германскиот бундестаг

Студентите на Равниот факултет на УЈИЕ престојуваа во германскиот бундестаг

Студентите на Правниот факултет на УЈИЕ, под раководство на деканот проф. д-р Исмаил Зејнели, продеканот доц. д-р Јетон Шасивари како и на професорите: проф. д-р Аслан Билали и проф. д-р Аднан Јашари, минатата недела остварија студиска посета на Германија. Притоа ги посетија двата дома од Германскиот парламент во Берлин, Бундестагот и Бундесратот, запознавајќи се одблиску со историјата, организирањето, составот, надлежностите и со законодавните парламентарни процедури. Исто така во Хамбург го посетија и Правниот факултет каде што продеканот проф. д-р Томас Егер ги запозна студентите со студиските програми од мастер-студиите и со начинот на одржувањето на испитите и предавањата на овој факултет. Студентите го проследија и предавањето
на професорот на Правниот факултет од Сеул (Јужна Кореја), проф. д-р Хаксо КО, под наслов „Правните аспекти на заштита на податоците и на приватноста на Интернет“.

Во Хамбург го посетија и Институтот за компаративното право и за меѓународното приватно право „Макс Планк“, при што од претставниците на институтот, Криста Јесел и Наташа Хаџимановиќ, како и од Фјоралба Цака, асистент-професор на Правниот факултет во Тирана, која во овој институт ги продолжува докторските студии, се претставија три клучни аспекти на дејноста на овој институт, и тоа, практиката, истражувањата и програмите за соработка со правните факултети насекаде во светот. Претставниците на двете институции се согласија набргу да се склучи договор за користење на богататa литература на Институтот „Макс Планк“ од студентите од меѓународната насока на мастер-студиите на Правниот факултет на УЈИЕ.

Студиската посета беше оценета како успешна зашто придонесува за проширување на меѓународните и европски хоризонти на студентите и на вработените на Правниот факултет на УЈИЕ.

Google+