Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

На УЈИЕ се одржа „Олимпискиот ден“

Универзитетот на Југоисточна Европа, во петокот (27 април 2012), го организираше „Олимпискиот ден“. Целта на овој ден беше да се претстават разновидноста на активностите и на учесниците непосредно пред одржувањето на Олимписките игри во Лондон 2012.

Во рамките на оваа манифестација се одигра финалето на турнирите на ракомет, тенис, кошарка и на мал фудбал. Исто така се одиграа и традиционалните игри како што се: влечење на јажето, крикет, играта со прстени, трка со вреќа, хулахоп, влечење со стап. Игрите завршија со пролетниот крос и со трка со штафета.

Овој спортски настан беше организиран од УЈИЕ во соработка со две хуманитарни организации и материјалните средства што се собраа од организацијата на игрите ќе се донираат за добротворни цели.

На Олимпискиот ден се собраа голем број на љубителите на спортот во Кампусот на УЈИЕ, каде што ректорот Замир Дика ги поздрави присутните при свеченото отворање на овој настан. Настанов беше збогатен и од учеството на амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Герард Мек Гарк.

„Нашиот универзитет денес дава еден скромен придонес придружувајќи им се на овие иницијативи со единственото мото, Учеството (Сите заедно) Поддршката (Олимписките идеали) и Донацијата (Купи една маичка со кратки ракави, донирај средства и плаќај за оние кои не облекле спортска облека)“, рече ректорот Дика.

Најдобрите на натпреварите од денешниот ден на крајот беа наградени со
различни награди.

Google+