Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа „Викендот на претприемништвото“

Во рамките на проектот „Осмели се! Направи го првиот чекор!“ во петокот, (27 април 2012), на УЈИЕ во Тетово се одржа „Викендот на претприемништвото“.

Настанот свечено го отворот ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, кој рече дека уште од идејата на овој проект ние како Универзитет ја поддржавме затоа што токму оваа тема е на стратегиската линија на Универзитетот – онаа на тенденцијата УЈИЕ да се претвори во универзитет на третата генерација на универзитети.

„Токму оваа иницијатива и овој настан од овој викенд каде што ќе се испреплетат академски искуства на полето на претприемништвото и каде што ќе слушаме за претприемничките практики од успешни компании, а во центарот на вниманието на сите овие активности ќе бидат студентите. Притоа тие ќе имаат можност да стекнат значајни вештини важни не само за нивната лична кариера, туку тоа ќе биде значаен елемент кој ќе може да биде гаранција на прогресот на нашето општество“, рече меѓу другото ректорот Дика.

„Претприемништвото бара новини и идеи за бизнис кои се свежи за да може поекономично да се произведуваат стопанските добра. Поради тоа токму учењето е главната алка на синџирот на образованието и каде што треба да се мисли во духот на претприемништвото“, рече министерот за економија на Владата на Македонија, Ваљон Сарачини.

Проректорот на УЈИЕ за планирање и развој, проф. д-р Абдулменаф Беџети подели свидетелства за студентите кои учествуваа на тренингот „Обработка и имплементација на бизнис-планот“.

Во оваа активност беа претставени Шефки Идризи, сопственик на Компанијата РЕНОВА, Мухарем Муртезани, сопственик на Компанијата АЛМА-М, Скопје, Џемаил Даути, сопственик на Компанијата ДАУТИ КОМЕРЦ и Беќир Черкези, сопственик на Компанијата АЛПИНА-НБ – Тетово.

Утредента студентите се запознаа со начинот за креирање на бизнис-планот, а најдобрите беа наградени со подароци за најдобрата идеја за бизнис од министерот за образование и наука, Панче Кралев и од министерот за економија Ваљон Сарачини.

Google+