Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

На УЈИЕ во Скопје се одржаа првите предавања

На УЈИЕ во Скопје се одржа првите предавања на најновата генерација на Дипломатската академија во Македонија. Поканет на оваа предавање беше и амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Н.Е. Кристофер Ивон.

Предавањето го отвори проректорот за истражувања на УЈИЕ, проф. д-р Блерим Река, кој ја поздрави соработката меѓу УЈИЕ и Министерството за надворешни работи на Македонија, посебно поради фактот што УЈИЕ е избран како место на кое ќе се одржат првите предавања за младите дипломати.

Главното предавањето го одржа амбасадорот Кристофер Ивон на тема: „Организацијата на Foreign Office- практики и искуства. Тој зборуваше за историскиот развој на британската дипломатска служба, актуелната организација и за промените кои оваа служба ги претрпела.

Оваа успешна иницијатива се очекува да се крунисува со конкретен договор за соработка меѓу УЈИЕ и Министерството за надворешни работи.

Google+