Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Одговорниот економист во одделот за енергија во Светска банка одржа предавање на УЈИЕ

Во вторник (06 март 2012) г. Гери Стаџинс одговорен економист во одделот за енергија во Светската банка во Вашингтон ДС одржа предавање за студентите и за кадарот на УЈИЕ на тема „Зелен развој“.

Г. Стаџинс ја посети Македонија како еден од водачите на Програмата за аналитичка и советодавна поддршка за климатски промени и зелениот развој, финансирана од Владите на Шведска и на Норвешка и поддржана од Светската банка.

г. Стаџинс и неговиот тим го посетија Институт за животна средина и здравје и беа информирани за Климатскиот акционен план и за идните планови.

УЈИЕ беше домаќин на оваа случка преку Центарот за јавно информирање во соработка со Светската банка во Скопје.

Google+