Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

На УЈИЕ се промовираше „Книгата на пеперутките“ на Ветон Сурои

„Книгата на пеперутките“ на авторот Ветон Сурои е насловот на делото кое се промовираше во средата (29.02.2012 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа.

На отворањето на промоцијата на оваа книга, познавачот на околностите во тоа време, поранешниот пратеник Демуш Бајрами, рече дека во 2001 годината беше истакната поврзаноста на Албанците во Македонија и се потврди единството во најтешките моменти на конфликтот.

„Мислам, пред се, на тројцата тогашни политички и воени лидери, Арбен Џафери, Али Ахмети и Имер Имери“, рече тој.

„Универзитетот на Југоисточна Европа е проекција на XIX век за XXI век. Тој ја претставува визијата за мирот и за институционалниот живот. Ова се потврдува и со последното рангирање на второ место меѓу најдобрите универзитети во Македонија“, рече авторот на книгата Ветон Сурои.

Во книгата пишував за околностите во Македонија и ја промовирам тука со одредена причина. Имам неплатени долгови кон Албанците во Македонија, кои за време на војната во Косово широко ги отворија вратите за Албанците од Косово. Исто така, оваа книга е мојот придонес за вистината и е мојот придонес за мирот.

Платформата на Албанците во Македонија цело време е непроменета. Албанците сакаат да бидат конституционален дел во Македонија во секој аспект. Колку се постигнати целите во оваа насока е тема која треба да се анализира. Со оваа книга не се обидувам да го покажам апсолутната вистина, бидејќи таа и не постои. Мојата намера беше со книгава да ги презентирам нештата за кои и самиот бев протагонист и нештата кои јас ги знам и за кои имам доволно информации.

Аналитичарот Ризван Сулејмани, рече дека книгава е пишувана на разбирлив јазик за сите читатели. Книгата се карактеризира со конкретна симболика, како покажува и самиот насловот.

Аналитичарот Сефер Тахири, рече дека во книгава има широк спектар на публицистичка анализа и претендира да отвори дебата за многу актуелни прашања.

Во делото „Книга на пеперутките“ на авторот Ветон Сурои се прави детална анализа за факторите кои придонесоа за конфликтот на 2001 година.

Google+