Имаше огромен интерес од учениците да присуствуваат на ова предавање. Претходно, проректорот Беџети одржа презентација за можностите кои ги нуди Универзитетот на Југоисточна Европа и ги покани учениците и кадарот почесто да го посетат кампусот на УЈИЕ.
Исто така им се даде појаснување за можностите и за тешкотиите со кои се соочуваат младите луѓе во развојот на своите кариери, професорот Беџети исто така забележи дека кариерата треба да биде базирана на квалитетно образование, имајќи ја во предвид се поголемата конкуренција на пазарот на трудот.
По предавањето проректорот Беџети имаше состанок со директорот во училиштето и нејзиниот тим. На состанокот се дискутираше тековната состојба на учениците од четврта година кои ќе се запишуваат на факултет и Беџети изрази подготвеност да обезбеди информации за можностите за упис на Универзитетот на ЈИЕ.