
159143-TEMPUS-1-2009-1-HU-TEMPUS-JPCR
Употреба на локални ресурси за микрорегионален развој – Одржлив агробизнис и туризам во Јужен Балкан
УЈИЕ, Тетово, декември2011
Во просториите на УЈИЕ во Тетово, Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) и Универзитетот на ЈИЕ организираа петдневна сесија за обука на тема
„Употреба на локални ресурси за микрорегионален развој – одржлив агробизнис и туризам во Јужен Балкан. Сесиите за обука се одржаа на 7, 9, 12, 13, и14 декември, 2011година.
Главната цел на обуката беше да се подигне капацитетот на претставници од единките на локалната самоуправа во областа на земјоделството, шумарството и туризмот со цел да се осигури микрорегионален развој.
Целна група беа вработените од општините и секторите за урбанизам, за комунални прашања и за оние одговорни за животната средина. Обуките се дел од работните пакети на проектот кои треба да ги изведе ЗЕЛС во соработка со универзитетите партнери во Македонија.
Учесниците се од Полог и североисточните региони како и општините Долнени, Струга, Дебар, Зајас, Осломеј и Пласница.
На почетокот се планира државните службеници дипломирани од земјоделство или бизнис , кои ги претставуваат сите македонски општини да бидат обучувани во текот на една недела од УЈИЕ за да бидат обучувачи. Оттаму, претставници од канцелариите за земјоделство, шумарство и екологија се собраа на петдневна обука за да бидат обучувачи и евентуално да ги пропагираат дополнително активностите. Откако ќе бидат обучувачи тие ќе организираат сесии за обука во други делови во Република Македонија.
Обуката е во времетраење од пет дена и ќе покрие различни теми. На крајот од обуката се одржа детален испит со кој на успешните учесници им се доделија сертификати. Само успешните учесници можат да бидат обучувачи. Потоа во најоптимистичкиот случај обучените учесници ќе одат како обучувачи во селата за да ги обучат фармерите, земјопоседниците и јавноста. Еден обучувач ќе оди во 5 села потоа авторитетите од јавната администрација од центрите на селата ќе ги соединат учесниците од останатите три села за да ги исполнат пропишаните договори за Македонија.
