Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Проректорот проф. д-р Блерим Река учествуваше на конференцијата на Евроакадемија во Виена

Од 08-10 декември во Виена, Австрија се одржа конференцијата на Евроакадемијата на тема „Европската унија и политизирање на Европа“.

Конференцијата се одржа истиот ден кога се одржа Европскиот самит во Брисел, на кој се одлучуваше за иднината на Европската унија.

На оваа конференција учествуваа познати академици и научни истражувачи за Европската унија од цела Европа.

Со конференцијата претседаваше професорот емеритус од Европскиот институт од Фиренца, Џандоменико Мајоне.

На оваа конференција со свој труд се претстави и проректорот за истражување проф. д-р Блерим Река, со наслов: „Задоцнетото проширување на ЕУ со Западниот Балкан“. Во овј труд проректорот Река се обидува да ја објасни дилемата дали ќе се европеизѝра Балканот пред да се балканизира Европа. Според него, важно е Европската унија да изгради пофлексибилен пристап во насока на проширувањето со земјите од Западен Балкан.

Апстрактите се веќе објавени, а книгата со трудовите од конференцијата се очекува да се објави на почетокот на следната година.

Google+