Лондонскиот меѓународен конгрес за човекови права е меѓународна конференција која се организира од Институтот за култура и дипломатија со седиште во Берлин, Германија, во соработка со Словенечката демократска партија и со водечки организации, како што се престижната адвокатска фирма Лехман & Воткинс (Lehman & Watkins) во Лондон, Универзитетот Голдсмит (Goldsmith University) во Лондон и многу други.
Целта на Конференцијата беше примената на човековите права со посебен фокус на мултикултурализмот во ЕУ, како што се имиграцијата и интеграцијата на малцинствата. Во рамките на Програмата беа организирани предавања, семинари, дебати и трибини од еминентни личности од меѓународната политика и дипломатија, од академијата, од граѓанското општество и од приватниот сектор. Трудот на Линда Зибери ќе биде објавен на веб-сајтот на ICD како дел на Конференцијата.
Линда Зибери присуствуваше на Лондонскиот меѓународен конгрес за човекови права 2011 „Имиграција и интеграција во ерата на рестрикции: Предизвици и можности“.
7 декември 2011Конференцијата се одржа од 22 до 25 ноември 2011 година во Лондон, Велика Британија.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics