Обуката се реализира по потпишувањето на Договорот за заедничка соработка помеѓу УЈИЕ и Универзитетот од Индијана, од страна на ректорите проф. д-р Замир Дика и проф. д-р. Мајкл Мек Роби, на 19 ноември 2011 година.
Во рамките на оваа обука, нанашиот Универзитет престојуваат 67 студентите од Индија, кои ќе следат интензивна обука за добивање сертификат во областа на бизнис аналитика. Обуката ќе ја водат реномирани професори од Универзитетот во Индијана, како што се: проф. Дан Смит, деканот на Кели Школата заБизнис, Рич Магјука.
Кадарот на УЈИЕ, исто така е дел од овој настан учествувајќи во професионалните сесии и во логистичката поддршка.
Овој настан, уште еднаш докажува дека Универзитетот на ЈИЕ се повеќе станува меѓународен партнер во високото образование.
