Покрај ректорот Мек Роби делегацијата од Универзитетот во Индијана беше претставена од првата дама Лори Брнс Мек Роби, заменик-ректорот за меѓународни програми Дејвид Зарет и директорот за меѓународни односи за алумни Ерик ДеХан . Мек Роби исто така беше присутен и на церемонијата во ноември 2001 година во Тетово кога и официјално започна функционирањето на УЈИЕ.
Мајкл А. Мек Роби докторираше на Австралискиот национален универзитет во 1979 година и имаше истакната академска кариера, прво на Австралискиот национален универзитет, а потоа и на Универзитетот Индијана (УИ) каде што е избран во академски звања за следниве области: компјутерски науки, филозофија, когнитивни науки, информатика, библиотека & информациски науки и компјутерска технологија. Поголемиот дел од својата кариера го поминува во воспоставување инфраструктура за напредно компјутерство и комуникации во областите како што се: паралелно компјутерство, виртуелна реалност и мрежни уреди за тестирање со голема брзина, како на национално така и на глобално ниво. Тој имаше и главна улога во создавањето на Школата за информатика. Го водеше развојот на и-светлината (I-Light), менаџментот на Интернет 2 мрежата ‒Абилен (Abilene) и на многу други мрежи. Тој ги основаше лабораториите со силна технологија на УИ.
Тој беше назначен за заменик-ректор по информациски технологии и за главен службеник за информации во 1997година, а беше назначен и за заменик-ректор за истражување и за в.д. провост и заменик-ректор за академски работи на Кампусот на Универзитетот Индијана во Блумингтон во 2006 година. Мајкл А. Мек Робистана осумнаесеттиот ректор на Универзитетот Индијана на 1 јули 2007 година. Универзитетот Индијана е еден од најголемите универзитетски системи во САД со вкупен буџет од 3 милијарди долари и со над 6.000 членови на академскиот кадар, 11.000 вработени и со над 110.000 студенти.Северува дека УИ има над 500,000 поранешни студенти (алумни) низ целиот свет.
Под негово водство УИ имаше голема експанзија во обемот и во квалитетот на студентското тело на УИ, рекордно ниво на трошоци, милијарда долари за кампањата за проширување на капацитетите на Универзитетот Индијана во Блумингтон. Првата фаза од 5 милијарди долари ќе заврши на двестегодишнината на УИ во 2020година. Универзитетот Индијана е еден од ретките универзитети во САД каде што се изучуваат македонскиот и албанскиот јазик.
Универзитетот Индијана и Универзитетот на Југоисточна Европа имаат десетгодишна соработка. Во 2001 година УСАИД му додели грант на Универзитетот Индијана за да му помогне на Универзитетот на ЈИЕ во раната фаза на развој. Во 2004 година, УСАИД му додели втор грант на УИ за подобрување на квалитетот на програми. Во текот на овој период на соработка, над 40 членови од академскиот и од административниот кадар го посетија Универзитетот Индијана и учествуваа во програмите за обука, на магистерски и на докторски студии. Во исто време 15 професори и административен кадар од Универзитетот Индијана ја посетија Македонија.
